3.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаЗОШТО ВТОРИОТ БРАН ОД ШПАНСКАТА ГРОЗНИЦА БИЛ ТОЛКУ СМРТОНОСЕН?

ЗОШТО ВТОРИОТ БРАН ОД ШПАНСКАТА ГРОЗНИЦА БИЛ ТОЛКУ СМРТОНОСЕН?

spot_img

Таман кога светот помислил дека куртулил од првиот бран, доаѓа втор, со мутирана и многу посмртоносна верзија на вирусот. А врвната медицина и наука од тоа време, цело време бараат лек за бактерија. Кои се наравоученијата?

Размерите на пандемијата на инфлуенца од 1918 се тешко замисливи. Таман кога човечки произведениот хорор на Првата светска војна се смирува, пролетта 1918-та, мајката природа го пушта во оптек најсмртоносниот вирус во модерната историја. Познат е како Шпанска грозница иако Шпанија нема врска со него, кој успева да зафати 40% од вкупното светско население во тоа време (околу 500 милиони луѓе) и да и да убие меѓу 20 и 50 милиони луѓе, повеќе од вкупниот број жртви во светската војна во која гинат околу 17 милиони војници и цивили.

Иако глобалниот проблем трае две години, огромен дел од смртоносната жетва се случува во три месеци од есента 1918- та.

Нултиот пациент е Американец, готвач во воен камп во Канзас кој завршува во болница со 40 температура. За еден месец, само во кампот има преку 1.000 заразени и 40-тина смртни случаи. САД се вклучуваат во војната и нивните војници во Европа го носат вирусот кој како пожар почнува да се шири во Англија, Франција, Шпанија и Италија. Се проценува дека три четвртини од француските војници и барем половина од британските сили биле заразени таа пролет. Но, првиот бран не изгледал многу опасно и смртоносно: симптомите како што е високата температура и малаксаност обично траеле 3 дена а смртноста била слична на сезонски грип.

Уште одма болеста добива погрешно име. Причина е – слободата на медиумите. Имено, Шпанија е неутрална во таа војна и во неа нема воена цензура како во другите европски земји па за болеста најчесто пишуваат шпанските медиуми – другиве не смеат за да не ги деморализираат нивните војници. И кога еднаш нешто ќе се завика погрешно – тоа си останува така, еве веќе еден век и кусур.

Во текот на јули и август, бројките на новозаразени почнува да се смируваат но токму тоа време, некаде во Европа, се појавува мутирана верзија на вирусот и есента почнува пеколот. Старо-новиот непријател може да убие перфектно здрав човек во најдобри години од животот за само 24 часа од појавување на првиот симптом.

Од англиското пристаниште Плимут, во август испловуваат бродови кои завршуваат во Бостон (САД), Брест (Франција) и Фритаун (Западна Африка) и пандемијата е сетирана.

Жртвите на вториот бран се нешто што ги фрапира лекарите и научниците. Грипот обично најмногу убива меѓу најмладите и најстарите, а шпанската грозница – и оние помеѓу. Нејзината старосна крива е во облик на латинската буква W, со значаен пик во средината, кај луѓе од 25 до 35 години.

Од септември до ноевмри, стапката на смртност оди до небо. Само во САД, само во октомври, умираат 195.000 Американци.

Шокантно е не само колку милиони млади луѓе биваат покосени туку и како умираат: со огромни температури, со грозничави трески, задушени од течноста на сопствените бели дробови. Децении подоцна, тој медицински феномен ќе го добие името цитокинска бура, која ја има и кај тешките ковид-19 пациенти, за што пишувавме во статијата „Не само вирусот, нè убива и сопствениот имунолошки систем“.

Кабаетлии се надлежните политички и надлежните медицински структури. Првите затоа што се бават со курварлук, вторите затоа што толку знаеле.

Во Британија им било јасно дека само строг цивилен карантин може да го спречи ширењето на болеста, но надлежниот државен авторитет, извесен Артур Њусхолм, проценил дека карантинот ќе ја ослаби воената моќ на државата ако работниците во фабриките за оружје и муниција останат дома, односно дека “воените потреби на татковината го оправдуваат ризикот“ па препорачал Британците да продолжат нормално за време на пандемијата. А во САД, голем дел од жртвите одат на душа на американскиот Црвен крст кој упорно одбивал да да ангажира искусни и обучени медицински сестри со афро-американско потекло.

Но, една од главните причини што Шпанската грозница успева да покоси толку милиони луѓе се ќорсокаците на науката. Врвните медицински и научни авторитети од тоа време биле убедени дека проблемот е бактерија, поточно Фајферовата бактерија која за прпват е идентификувана во  1890 година. Милиони долари се фрлени за барање лек против Фајферовата бактерија и тоа е една од најнеславните епизоди на официјалната медицина.

До декември 1918 вториот бран спласнува но во јануари се појавува трет и тој тргнува од Австралија, во јануари 1919 година. Иако и тој смртоносен, со милионски жртви, вкупниот биланс е далеку помал од апокалиптичниот резултат на претходниот. Третиот бран го фаќа американскиот претседател Вудро Вилсон кој вирусот го закачува за време на мировните преговори во Париз, на почетокот на 1919.

„Свежиот воздух, сонцето и маските вршеле работа пред еден век, тие и сега можат да помогнат“, се вели во статијата „Короната и сонцето: лекција од 1918 година“.

Накратко, лекарите установиле дека имале подобри резултати и помала смртност кај тешките пациенти кои биле третирани на отворено, отколку кај оние кои лежеле во затворени простории. Се чини дека комбинацијата на свеж воздух и сончева светлина ја намалувало и смртноста кај пациентите и инфицираноста на медицинскиот персонал, за што постои и научна евиденција бидејќи свежиот воздух е природен дезинфикатор и може да елиминира и и бактерии и вируси.

Извор  off.net

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот Актау во Казахстан, при...

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд...

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболкaта и крушите што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната Влада за помош на овоштарството со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,...

Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново си делеле бонус плати

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција –...