На денешната лидерска средба која се одржа на оворено на една од терасите во вилата Водно кај претседателот Стево Пендаровски, само генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, се појави без заштитна маска.
Тоа изненади многумина, ако се земе в предвид дека токму Таравари беше министер за здравство пред доаѓањето на Венко Филипче.
Заштитни маски носеа и членовите на кабинетот на Пендаровски, а на сите присутни на влез им беше мерена температура.