-1.5 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМалишева за Диво Насеље: Наседнавме на национализмот на Ахмети - Со Груби...

Малишева за Диво Насеље: Наседнавме на национализмот на Ахмети – Со Груби не сакаат да ни помогнат да избегаме

spot_img

Кумановската група не зема пари за терористичкиот акт, нема два милиона евра како што се зборува, туку наседнавме на националистичка реторика на Али Ахмети. Тоа беше стапица на Ахмети, Тачи, Груевски, вели Мухамед Красниќи, познат и како Малишева кој за албанската емисија „Топ стори” од својата ќелија во Идризово раскажува за борбите со македонската полиција во кумановската населба Диво Насеље на 9 мај 2015 година.

Мухамед Красничи-Малишева

„Али Ахмети беше на власт во тоа време. Ако ги земете нивните изјави, Тачи, Ахмети,Груевски, нивните потези, јасно е дека тие го организираа насилството за да не стават во стапица, го злоупотребија нашиот патриотизам“, вели поранешниот член на ОВК.

Ние сме искусна група, вели Малишева, и ако ни беше за пари тоа можевме да го сториме на многу полесен начин. „Нашата група од 40-ина членови можеше да ограби било која банка во регионот и да земеме многу повеќе пари на многу посигурен начин. Нема такви докази. И на судењата никој никогаш не спомена пари. Ние сме страдалници. Знам од каде потекнува предавството и кој му служеше на предавството. Ќе дојде време кога ќе ги откриеме имињата“, вели Красниќи во документарецот на албанската телевизиска станица.

Лидерот на „Кумановската група“ додава дека Али Ахмети му дал список на Хашим Тачи од 50 имиња за кои Косово не требало да интервенира и да не ги спречува да ја преминат македонско-косовската граница.

Красниќи додава дека македонската полиција прва почнала да пука неконтролирано и без предупредување. Тој потврди дека за време на борбите во Диво Насеље во Куманово стапиле во контакт со Али Ахмети и дека тој рекол дека нема шанси да им отвори коридор за бегство. Красниќи вели дека телефонски зборувал со Артан Груби од ДУИ, но имал чувство дека оваа партија посакувала сите членови на групата да бидат убиени во престрелките.

Осудените за овој случај се распоредени во затворите во Шуто Оризари и Идризово, а во моментов се надеваат на ревидирање на одлуката на затворските кази од страна на Врховен суд.

https://www.facebook.com/watch/?v=1072823656434231&ref=external

 

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...