27.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаВистински рај за очи и душа: Бобано езеро е срцето на село...

Вистински рај за очи и душа: Бобано езеро е срцето на село Требеништа-Охрид (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ви претставуваме едно посебно место кое е карактеритика на с.Требеништа-Охрид
Бобанско Езеро

<

Репортери:
Јана Дуклеска
Александар Дуклески
Бојан Донески
9 одд. ПУ Требеништа

Сите ние постојано велиме дека Македонија е прекрасна, но голем број од нас, всушност, не ја виделе таа убавина со свои очи.
За да уживате во убавините на природата не треба да патувате којзнае каде и колку далеку. Нурнете се подлабоко во руралните средини опкружени со бујна вегетација и разни природни убавини.
Едно од таквите мирни, излетнички места е Бобанско Езеро кое се наоѓа во непосредна близина на селото Требеништа на околу 1км од центарот на селото, во источниот дел од старото село.
Езерото настанало по природен пат, во 1963 година, со спуштањето на земјиштето од ридот Габер. Езерото се полни со вода од водотеци, кои порано ја формираа малата Требенишка Река. Езерото е долго околу 250 м, а широко околу 80м, со максимална длабочина до 5м.
Водата во езерото е матна, опкружена со ридови обраснати со зимзелена и листопадна шума. Езерото е атрактивно за риболовците, а од рибите застапени се: крапот, јагулата, писа, клен, грунец, моранец, плашица и црна балканска мрена.
Додека го гледате езерото кое плени со својата природна убавина како да се оддалечувате од светот, прави да пронајдете мир и спокој, опкружени со необична тишина, оддалечени од сите грижи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во АС камп Струга: Давеник почина и покрај обидите за реанимација

Трагедија во АС камп Струга: Давеник почина и покрај обидите за реанимација Тешка трагедија се случи денеска во АС кампот во Струга, каде едно лице...

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...