-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЗатворски чувар заболен корона продолжил да си оди на работа -...

Затворски чувар заболен корона продолжил да си оди на работа – Директорот вели нема место за паника, чуварот носел маска

spot_img

Заболениот затворски чувар од Истражниот затвор во Шутка за кој вчера објавивме дека е утврдено дека е позитивен на ковид-19 добил препорака од матичен лекар дека е добар и дека може да оди на работа. Информацијата за МКД.мк  ја потврди директорот на затворот Есад Рахиќ. Тој во телефонски разговор вели дека нема простор за паника и дека вработените во затворот носат заштитна опрема. Вработениот иако бил со симптоми добил препорака од матичен лекар дека може да оди на работа.

Заразениот затворски чувар имал симптоми и доаѓал на работа, но откако бил прегледан од матичен лекар му било укажано дека може да оди на работа и дека се е во ред со него.

Во Истражниот затвор во Шутка се прегледуваат и безбедносните камери за да се утврди движењето и контактите со вработените и со притворените лица, но директорот Рахиќ смирува со образложени дека во затворот се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 и се носи заштитна опрема.

„Точно е дека има затворски чувар кај кој откако е направен текст утврдено е дека е позитивен на ковид-19. Тој имал симтоми и бил на преглед кај матичниот лекар, но таму по прегледот му било кажано дека не му е ништо, дека е во добра здравствена состојба и дека може да оди на работа. На работа сите носат маски и се запазени сите протоколи. Оние вработени кои биле во контакт со овој затворски чувар се изолирани и се чекаат препораките на епидемиолозите за да се утврди кај кои од нив ќе треба да се направи тестирање. Сметам дека нема простор за паника, но одговорност за ваквото неодговорно однесување на вработениот ќе има“, вели директорот Рахиќ.

За матичниот лекар кој дал препорака дека заразениот со ковид-19 може да оди на работа, Рахиќ го повика Министерството за здравство и министерот Венко Филипче да го испитаат случајот и да утврдат евентуална одговорност кај лекарот.

повеќе  на мкд.мк

К.Д.

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...