21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаДокторите од Охридската општа болница заминуваат на помош во Инфективната клиника Скопје

Докторите од Охридската општа болница заминуваат на помош во Инфективната клиника Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По тројца анестезиолози и интернисти, 25 медицински сестри и пет болничари кои се ангажирани на одделенијата каде се лекуваат позитивни и сомнителни случаи се заразени со коронавирус, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

<

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што посочија, заразени се двајца здравствени работници, а други двајца кои се оздравени, се вратиле на работа.

Од МЗ потенцираа дека овие две јавни здравствени установи изминатите денови се засилени со кадар. На Инфективната клиника по систем на ротација се дојдени пет доктори, тројца од клиниките за кардиологија, ендокринологија и Институтот за туберкулоза, еден доктор од Клиничката болница во Тетово и еден од Општата болница во Охрид, како и 27 медицински сестри од Специјалната болница „Јасеново“ и од болниците во Кавадарци, во Кочани и во Кичево.

Тимот во ГОБ „8 септември“, како што велат од МЗ, е засилен со шест доктори – по двајца од клиниките за ревматологија и нефрологија, двајца доктори од Кичево и по еден доктор од болниците во Отешево и во Гостивар. Оваа јавна здравствена установа е засилена и со 20 медицински сестри од Струга, од Велес, од Отешево, од Гевгелија и од Специјалната болница „Лешок“.

Од почетокот на епидемијата со коронавирусот целиот здравствен систем е активиран и мобилизиран со цел успешно справување од овој непредвидлив вирус, нагласија од Министерството за здравство.

охрид прес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...