-3 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЛукаревска за МИА: Вирусот навистина постои, ако не направев тест, немаше да...

Лукаревска за МИА: Вирусот навистина постои, ако не направев тест, немаше да знам дека сум позитивна

spot_img

Вирусот навистина постои. Има многу асимптоматски случаи кои на некој начин претставуваат своевиден ризик во контактите со другите луѓе. Јас ако не го направев тестот, немаше да знам дека сум позитивна, вели директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во првото интервју за МИА дадено по нејзиното враќање на работа откако претходно самата обелодени дека е позитивна на корона вирусот.

Лукаревска, која немала никакви симптоми во текот на целиот период на лекувањето, апелира до граѓаните максимално да се грижат за сопственото и здравјето на другите и да ги почитуваат сите протоколи и насоки на Министерството за здравство кое, како што вели, дава се од себе за да се справи со вирусот.

– Шокирачки е да примиш вест дека си позитивен на коронавирусот, иако не очекував такво нешто. Кога отидов да се тестирам, бев толку релаксирана од исходот од тестот, но тоа е, што е. Немав никакви симптоми во текот на целиот период на лекувањето, дури со дел од здравствените работници со кои разговарав ми кажаа дека сум многу слаб преносител. Сите мои колеги и пријатели кои беа посочени во анкетата од моја страна, се негативни, вели Лукаревска.

Во интервјуто, Лукаревска зборува и за мерките што се спроведуваат преку Управата за јавни приходи, а се дел од пакетите владини мерки за справување со последиците од корона кризата. Најавува и контроли за мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари поради дојави за одредени злоупотреби.

Целото интервју со видео материјал ќе биде објавено во текот на утрешниот ден.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...