-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаВМРО ДПМНЕ ОХРИД:Цврстата определба да ја исправиме македонската економија која освен од...

ВМРО ДПМНЕ ОХРИД:Цврстата определба да ја исправиме македонската економија која освен од власта беше погодена и од пандемијата е нашиот врвен приоритет!

spot_img

Цврстата определба да ја исправиме македонската економија која освен од власта беше погодена и од пандемијата е нашиот врвен приоритет! Силна економија не може да се замисли без заедничка соработка и силно партнерство помеѓу државата и бизнис-заедницата и поддршка на истата преку креирање на поволни услови за водење бизнис.

За таа цел, се обврзуваме најпрвин да го подобриме правниот систем, за да ги намалиме правните бариери – непотребните закони, бројните правила и процедури, како и големиот број парафискални давачки кои го ограничуваат бизнисот и истовремено ги зголемуваат трошоците.

Дополнително се обврзуваме да ја зголемиме транспарентноста во постапките и да ги намалиме процедурите за добивање на разни лиценци кои ги издаваат државните институции.

Посебен фокус ќе биде ставен на олеснување на процедурите за микро-бизнисите и малите и средни претпријатија, за што ќе биде изработен и бесплатно промовиран каталог на економски закони кои се важни за нивното работење.

Зголемувајќи ја флексибилноста на пазарот на труд ќе ја унапредиме ефикасноста на претпријатијата, што ќе значи зголемена сатисфакција кај вработените, посебно кај новите родители и вработените кои се стремат кон доедукација и доусовршување.

Работодавците ќе добијат можност за пробно ангажирање на нововработени со цел да оценат дали се соодветни за понуденото работно место, а ќе ја разгледаме и можноста за ангажирање за сезонска работа за средношколци и пензионери. На тој начин ќе се намали недостатокот на работна сила, а ќе се зголемат можностите за дополнување на семејните буџети.

Младите ќе ги развијат работните навики, одговорноста, етиката и моралот, а работоспособните пензионери ќе го продолжат работниот век без да ги загубат своите пензии.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за континуирани реформи за подобрување на бизнис-климата во согласност со препораките на Светска банка, со што ќе го вратиме имиџот кај странските инвеститори кои на нашата земја ќе гледаат како на следна дестинација за бизнис-инвестиција и отворање на нови работни места.

15-ти јули е блиску, а изборот никогаш полесен!

14 за силен и конкурентен бизнис-сектор!

14 за силна и стабилна економија!

14 за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија!

14 за обнова на Охрид и Македонија!

ohridsky.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...