1.9 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаХaос во Охрид: Денес инспекцијата влегува на трите плажи ''Градиште'', ќе се...

Хaос во Охрид: Денес инспекцијата влегува на трите плажи ”Градиште”, ќе се казнуваат лицата кои не држат социјална дистанца и лицата кои не носат маска.

spot_img

 

На трите плажи „Градиште“ не се почитувала дистанцата од два метри како мерка за заштита од коронавирусот, но пазарните инспектори немаат казнето ниту една од фирмите кои поставуваат лежалки и маси, бидејќи плажите немаат легален стопанственик.

Цветко Ристески, раководител во Пазарната инспекција за охридскиот регион, вели дека се прибираат информации за прекршителите на мерките, а инспекторите вечерва ќе отидат на плажите за да се сретнат со управителите бидејќи претходно не можеле да ги најдат. Потоа, според него, ќе се одлучи дали фирмите ќе заработат прекршочна казна или ќе се оди чекор понатаму, па ќе бараат кривична одговорност.

„На ‘Градиште’ е проблематично. Не може да се обезбеди кој е вршител на дејноста, а во текот на денов, дадовме задолжувања инспекторите вечерва повторно да отидат на плажите, бидејќи лицата кои ги затекнавме се правдаа дека управителот не е тука, во Скопје е. На плажата нема дистанца. Главниот проблем не е во објектите, туку надвор од нив. Ако се констатираат прекршоци, ќе се поднесе прекршочна пријава, а ако повторно не се почитуваат мерките ќе се бара кривична пријава и построга санкција. Прекршочните пријави, според Законот за угостителска дејност се движат од минимални 250 евра до 1000 евра. Контролата по другите плажи покажа дека се почитуваат мерките за заштита од вирусот, но само на оние кои имаат организатори. На пример, пред хотелот ‘Метропол’ се беше во ред, а подолу, спрема универзитетското одморалиште каде има слободна плажа, немаше дистанца. Исто е и со плажата ‘Горица 3’“, вели Ристески за „А1он“.

Според него, Охрид има проблем со капацитетите кои се помали споредено со бројот на туристи кои доаѓаат. Тој вели дека се координираат до сите институции и очекува сите да ги преземат потребните мерки за да се справат со прекршителите.

„Пред бродовите е хаос, полно е со деца, и млади, не одржуваат дистанца. Тоа е под надлежност на бродската служба и тие треба да се справат со проблемот“, вели Ристоски.

Ристоски вели дека инспекторите досега не се соочиле со притисоци и закани при постапување и казнување на лица кои не ги почитувале мерките за заштита од вирусот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...