3.9 C
Ohrid
петок, јануари 17, 2025
ПочетнаМакедонијаПоради несовесните туристи од денес црквата Св. Софија во Охрид ја чува...

Поради несовесните туристи од денес црквата Св. Софија во Охрид ја чува обезбедување.

spot_img

По силните реакции во јавноста за недоличното однесување на младите во вечерните часови во предворјето на катедралната црква Св. Софија, за што пишуваше OhridNews, Дебарско – кичевската епархија ангажираше физичко обезбедување кое ноќе го чува ова свето место. Неканетите гости зад себе оставаа купишта ѓубре не водејќи ни малку грижа за значењето на ова заштитено културно наследство од непроценлива вредност за православието во целиот свет.

Дебарско – кичевската епархија пред неколку години комплетно го уреди дворот и ја огради црквата Св. Софија со цел да ја заштити, што наиде на бурни реакции од локалните жители, а најмногу поради тоа што беше затворен преминот низ црквата од западната страна во вечерните часови. Случајот заврши на суд, по што портите од предворјето на Св. Софија повторно беа отворени постојано.

Но, слободата на движење ова лето им дојде преку глава на локалните жители кои секојдневно ја алармираа полицијата за непријатните случувања во предворјето на Св. Софија, што наметнува потреба таа соодветно да биде заштитена.

Извор: OhridNews Г.М

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонските ракометари загубија од Холандија, судењето во најмала рака скандалозно

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со 37:32 од репрезентацијата на Холандија. Она што остави најголем впечаток е скандалозното судење на данската двојка судии Хансен и...

СКСЗМ: Минималната плата да биде 500 евра, со придонеси како за 22.500 денари

По барањето на Сојузот на синдикати на Македонија да се зголеми минималната плата, Стопанската комора на северозападна Македонија излезе со предлог таа да изнесува...

Собрани се средствата за помош на Ана Радеска

Охриѓани уште еднаш ја докажаа својата хуманост и ги собраа средствата за помош на 16-годишната Ана Радеска, наша сограѓанка која боледува од ретката болест...

Нека не јадат со муцката, лажат, влези да видиш дека е топло- Дедото ги отфрла обвинувањата за негрижа како причина за смртта на близначињата

Дедото ги отфрла обвинувањата за негрижа како причина за смртта на близначињата Семејството од село Славеј, прилепско една година како било доселено тука, раскажуваат денеска...