2.8 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСолзи радосници во Систина: Малечкиот Васил за кого се молеше цела Македонија...

Солзи радосници во Систина: Малечкиот Васил за кого се молеше цела Македонија конечно си оди дома..

spot_img

За него се молеше цела држава, а желбите на мајката да ги победи проблемите и да биде добро, се исполнија. Ништо не е поголемо од мајчинската љубов, а таа моментално има друга суштина за Емилија Јованоска која си замина од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со малиот Василиј. Нејзиниот син е роден на 14 мај предвреме, во 27 гестациска недела со тежина од само еден килограм. За него јавноста дозна од апелите на Емилија на социјалните мрежи за помош. Василиј имаше повеќе здравствени проблеми меѓу кои и отворен канал на срцето со белите дробови. Сепак по интервенцијата, по три месеци тој си оди дома.

Патот допрва почнува, но Василиј сега е добро. Мајка му Емилија нема задршка на среќата. Вели благодарност до Бога кој ги слушнал молитвите, но најмногу до докторите кои како што вели таа, биле одлични и му дале шанса на Василиј да има нормален живот. Операцијата ја изведе кардиохируршки тим на чело со специјалист доктор Владимир Чадиковски, детски кардиохирург, па приказната доби убав крај.

Пред заминувањето Емилија вели дека се чувствува прекрасно. Се заблагодарува и на гинекологот д-р Ирена Шуплиновска Јордановска која го извела породувањето на малиот Василиј кој тогаш имал само еден килограм и на д-р Станка Танчева Крстевска, специјалист по педијатрија, неонатолог.

„Прекрасно е чувството. После три месеци си одиме дома, а имаме долга борба пред нас, таа сега почнува. Сепак она што е важно е што со интервенцијата има надеж. Докторите го дадоа својот максимум и јас им се заблагодарувам. Впрочем тоа беше битка, која немаше да има убав крај без сиот персонал овде. Поради зафатот бебето беше префрлено на кардиохирургија каде докторите ја завршија одлично работата. Д-р Чадиковски е огромен професионалец, многу е достапен, секогаш јасно кажуваше за сета ситуација. И низ зафатот направи многу за Василиј, вели Јованоска.

Имало и падови, но сега е успех. Чекори назад, но и напред. Емилија благодари и на сите граѓани кои донираа и со што впрочем се покри лекувањето на неонатална интензивна нега. Интервенцијата пак е покриена од државниот Фонд за здравствено осигурување.

Отворениот канал на срцето кон белите дробови или таканаречениот дуктус артериозус перзистенс всушност по раѓањето треба спонтано да се затвори, но тоа кај Василиј не се случило. Дуктусот ги оптоварувал неговите бели дробови и по испитувањата беше утврдено дека треба да се направи хируршко затворање.

Д-р Чадиковски вели дека операцијата поминала одлично.

„Многу ми е драго затоа што по голема борба Василиј си оди дома. Се надеваме дека ќе има квалитетен живот. Му посакуваме убаво здравје. Секако ќе има дополнителни контроли кои и понатаму ќе се прават. Драго ми е што мултидисциплинарниот пристап во болницата вроди со плод. Тоа значи дека беа опфатени сите аспекти на лекување, благодарност за големата соработка од колегите од гинеколоија и педијатрија, вели д-р Чадиковски.

Откако беше роден Василиј, Емилија всушност го немаше гушнато своето чедо. Затоа заминувањето дома беше голем ден за неа, посебен за сите од болницата.

Извор и фото: acibademsistina.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...