21.5 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Прилеп направен бетонски прстен на МВР за заштита на податоците при...

Во Прилеп направен бетонски прстен на МВР за заштита на податоците при терористички напади во Прилеп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Голема бетонска сфера, објект во облик на круг кој може да се најде и на мапите на гугл, до крајот на годината ќе биде наполнет со опрема и ќе стане паралелен односно дополнителен центар за потребите на МВР. Во него ќе се чуваат податоци од информативните бази на МВР, се вика центар за продолжување на активностите и за обнова после катастрофи. Бетонскиот прстен е во средина на објектот кој е заштитен со бодликава жица и се наоѓа во предградието на Прилеп, веднаш до армиската касарна. За овој објект кој е дел од македонските обврски за придружување на Европската Унија, платени се преку ИПА фондовите и државниот буџет околу 3,4 милиони евра.

<

Но за тоа како ќе изгледа внатре, македонската полиција ги криеше информациите од сензитивни безбедносни причини, затоа што таму ќе се наоѓа база на податоци и скапа софистицирана опрема која пополека се вградува внатре во објектот. И покрај тајноста, на српскиот веб сајт „градња“ излезе напис на оваа тема, но и фотографии од внатрешноста на бетонскиот прстен кој од високо наликува и на вселенска база. Надлежните од МВР ги известиле финансиерите од ИПА дека се објавени фотографиите преку архитектот на бетонскиот прстен кој е од Белград.

Објектот служи за складирање на сите информации кои ги поседува МВР, од бази на податоци со лични документи и информации до кривични евиденции и списоци на дозволи за определени безбедносни области. Тоа ќе биде резервната, паралелната база на МВР која ќе се користи во случај кога основната база во МВР ќе настрада во евентуални терористички напади, вооружени напади и бунтови или при природни катастрофи и големи земјотреси. Во случај на такви несреќи, кога основниот информатички систем ќе падне, тогаш државата ќе продолжи да функционира но преку резервната база во облик на бетонски прстен.

Објектот е сместен во близина на Прилеп, а локацијата е избрана како најпогодна од трите понудени. Се наоѓа во центарот на државата, лесна е за обезбедување бидејќи прв сосед и армиска единица, а во овој простор најмалку се изразени сеизмолошките опасности и ризици од поплави бидејќи е на високо.

Структурата на објектот се состои од двојна бетонска конструкција направена од масивни армирани бетонски sидови, така што серверите остануваат стабилни и во случај на природни непогоди, но и тероризам, обиди за кражба, екстремни температури, оштетување од висок електричен напор. Бидејќи центарот е голем и има големи можности, откако МВР ќе ја смести својата база, останатиот простор ќе биде понуден на сродните институции како што се УЈП, финансии, одбрана и армија со што би се зголемил капацитетот на државата при катастрофи, несреќи или евентуални напади.

 

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...