1.9 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаДимитров-Размислете кога се инеатите за Гоце за историјата и за јазикот -тие...

Димитров-Размислете кога се инеатите за Гоце за историјата и за јазикот -тие се сега проблем на Европа а Европа е со Бугарија

spot_img

Историчарите објективно да ги информираат политичарите во Македонија, а напредок ќе има само ако не се извртуваат фактите – вели во интервју за бугарското национално радио Ангел Димитров, претседател на бугарскиот тим во мешовитата комисија.Сигнал за продолжување на нивниот дијалог вели дека нема по вина на македонската страна, а меѓудругото, смета дека спорот меѓу двете држави за Гоце Делчев треба да ја засега и Европската Унија.

-Не треба да се заборави дека она што не е решено меѓу нас веќе не е само билатерален проблем. Станува и европски проблем. Бугарија како земја на Европската Унија е присутна таму со својот историски интегритет и кога има напади против неа од страна на кандидат, тоа е проблем што ги засега не само двете земји, вели Ангел Димитров – претседател на бугарскиот тим во Комисијата за историски прашања.

Драги Ѓорѓиев кој го предводи македонскиот тим, деновиве порача дека историчарите не водат политички преговори, туку академиски дијалог и нема да подлегне на политички притисоци. Во пресрет на најавената 10та средба на комисијата за историски прашања, која се планира за крајот на овој или почетокот на следниот месец, тие одржаа средба со министерот за надворешни работи Османи, кој очекува брз старт на преговорите со соседите.

-Имајќи ја предвид важноста на овие теми и нашиот приоритет за активен придонес во продлабочување на добрососедските односи, очекуваме комисијата да продолжи со работа, да имаме еден вид рестарт на нивните активности, и со тоа да се придонесе во надградбата на довербата. – пишува во соопштението од МНР.

Инаку, најавите за блокада уште на првата меѓувладина конференција во Брисел пристигнаа од бугарскиот вицепремиер Каракачанов и европратеникот Андреј Ковачев. Според нивните изјави, Бугарија строго ќе се придржува до нивните позиции за историјата и нема да и попушти на Македонија. Премиерот Заев сепак е оптимист дека ќе се најде решение, бидејќи на тоа не обврзува на договорот за добрососедство, но вели, не може да се каже дека Гоце Делчев не е наш.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...