1.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Ако Јанкулоска не ја спроведовме експресно во Идризово, ќе речевте после...

Спасовски: Ако Јанкулоска не ја спроведовме експресно во Идризово, ќе речевте после ви избега како Груевски !!!

spot_img

На поранешната министерка Гордана Јанкулоска и бил оставен простор да се подготви и да се поздрави со семејството од околу половина час, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за 24 анализа.

– Ако акцијата за спроведување на Јанкулоска не беше експресна ќе ме прашавте зошто чекате и зошто уште се губи време за тоа. Постапката беше врз основа на наредба од судијата за извршување на санкции врз основа на пресудата на Врховниот суд и така беше спроведена во затворот Идризово. Наредбата гласеше веднаш да се приведе лицето и моравме, врз основа на тоа брзо мораше да реагираме. Законот мора да важи подеднакво за сите – рече Спасовски.

Од човечки аспект е оставен одреден простор, значи не е веднаш после врачувањето на актот, од некаде половина час за да се подготви и да се постапи по наредбата, така беше наредбата од Судот и така се постапи, посочи Спасовски.

Со оглед на тоа што домот на Јанкулоска се наоѓа веднаш до МВР, Спасовски информира дека имале сили за набљудување се со цел, подвлече, да не дојдеме до една друга ситуација за да се напушти живеалиштето, односно територијата на градот Скопје, бидејќи по друг предмет има таква мерка на обезбедување.

– Имавме наредби врз основа на Закон коишто постапуваат полициските службеници. По другите случаи за коишто се водат има конкретни мерки издадено. Таа е конкретна мерка којашто е издадена за ненапуштање на живеалиштето. Врз основа на Законот за кривична постапка и врз основа на Законот за полиција го држевме набљудувањето. Имавме набљудување коешто го вршиме врз основа на Закон за полиција, меѓутоа напоменав дека за другите случаи постои мерка од судот изречена којашто значи забрана за напуштање на територијата на град Скопје – образложи министерот за внатрешни работи.
Следењето, рече Спасовски, исклучиво треба да се прави врз основа на Закон и врз одлука на суд.

Според него, законот треба да се спроведува за сите, потенцира дека, нема тука ниско или високопрофилни, законот мора за сите да важи подеднакво, сите постапки да бидат транспарентни, да бидат неселективни.

Спасовски наведе дека набљудувањето се врши секогаш по процена на полиција врз основа на Законот за полиција по издадена наредба.

– Имавме многу сознанија и на основа на тие сознанија презедовме оперативни мерки. Разни сознанија коишто беа поврзани со целиот тој случај и тие сознанија се дел од документацијата и на основа на тоа беа издадени соодветни наредби. На основа на сознанијата се направи процена од страна на полициските службеници, на службите коишто работат на тоа беа издадени наредби и практично се спроведуваат тие наредби – нагласи министерот за внатрешни работи.

Гордана Јанкулоска, вчера беше спроведена во КПУ-Идризово, осудена со четири години затвор во случајот „Тенк“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...