10 C
Ohrid
петок, мај 16, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаТребенишко Езеро - едно од двете свлечишни езера во Македонија

Требенишко Езеро – едно од двете свлечишни езера во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Требенишко Езеро е најмладото природно езеро во Македонија, на 754 m надморска височина. Се наоѓа источно од магистралниот пат Скопје-Кичево-Охрид, во атарот на с. Требеништа, општина Дебарца, поточно во долината на Требенишка река.

<

Езерото е настанато во 1963 год. во пролетниот период, како последица на лизгање на земјиштето (урнис) и преградување на речната долина на Требенишка Река, лева притока на реката Сатеска. Како последица на тоа преградување, дел од долината на оваа река се исполнил со вода, при што настанало Требенишко Езеро. Ова езеро, заедно со Моклишко Езеро, припаѓа на групата на урниски (свлечишни) езера, единствени од ваков тип во нашата држава. За љубителите на природата, езерото е лесно достапно и патот е релативно добар. Во поголем дел патот е асфалтиран, а единствено во последните неколку стотици метри е земјен пат.

Требенишко Езеро се протега во правец исток-запад и поради својата убава околина обрасната со зимзелена и листопадна шума е многу привлечно. Должината му изнесува околу 250m, а ширината околу 85m. Максималната длабочина изнесува околу 5 m и акумулира околу 30.000 m3 вода. Северниот и западниот брег се пострмни, а јужниот и источниот имаат поблаг наклон.

Ова езеро со вода најмногу се полни од Требенишка Река, потоа од приливот од подземните води, од топење на снегот, како и од врнежите од дожд, додека водата ја губи преку истекување на поток, кој извира под самото лизгалиште и се влева во долината на реката Сатеска.

Инаку, урниските (свлечишните) езера настануваат под влијание на различни физичко-географски фактори. Во минатиот век, како последица на уривање на една од долинските страни, настанати се Моклишко Езеро во сливот на Ваташка Река и Требенишко Езеро во сливот на истоимената Требенишка Река. Овој тип на езера може да настанат за време на појава на посилни земјотреси, поради слабата врзаност на карпестите маси, како што е случајот со Моклишко Езеро или пак за време на големо превлажнување на растресит и слабо врзан материјал, кој лежи над водонепропустлив слој, како што е случај со Требенишко Езеро. За избегнување на појава на лизгалишта, потребно е истите благоевремено да се предвидуваат заради превентивна заштита на одредени населени места и населението кое живее во нив.

Иако е мало езерце, сепак заслужува внимание за посета, поради начинот на неговото формирање, како и водостопанското значење. Водата на езерото е многу матна, а бојата варира од жолтеникава до кафеава нијанса. Ваквата нијанса на водата се јавува како последица на ерозијата на плиоцени седимени, кои се јавуваат од двете страни на езерото. Требенишко Езеро засега има само локално значење, при што служи за напојување на стоката и е привлечно за рекреативен риболов. Благодарение на порибувањето, во езерото се среќаваат различни видови на риби.

Користена литература:

Василески, Д. (1995): Класификација на езерата во Република Македонија според начинот на постанок на езерските базени. Географски разгледи, кн. 30, стр. 71-79, Скопје.
Василески Д. (2008): Требенишко Езеро. Годишен зборник на Институтот за географија бр. 37, Скопје, 5-20
Милевски И. (2012): Колку езера има во Република Македонија? ИГЕО Портал
mk.wikipedia.org

Автор: д-р Ивица Милевски

Извор: www.igeografija.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...

Криптовалути од над милион евра, земјшите, џип, сметка во Бугарија…каков имот пријавил Богојески?

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот анкетен лист до Државната...