10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаЗабаваОд загадувањето: Ковид19 примен на пулмологија во тешка состојба.

Од загадувањето: Ковид19 примен на пулмологија во тешка состојба.

spot_img

Доцна синоќа, поради компликации со дишењето од загадениот воздух, на Клиниката за пулмологија во Скопје бил донесен вирусот Ковид-19, во тешка состојба и со минимални знаци на живот.

<

По приемот тој веднаш бил тестиран и откако било утврдено дека е позитивен на коронавирус, дежурниот доктор започнал да го прегледува, но бидејќи немал упат од матичен лекар, прегледот бил прекинат, а тој бил испратен на домашно лекување.

Кооперација се обиде да стапи во контакт со заболениот, кој револтиран од третманот на кој бил изложен, најави протест на кој тој и неговите колеги вируси ќе побараат од државата подобра здравствена заштита и бесплатни маски за да се заштитат од загадувањето.

Коперација

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...