2.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСаше Политико до Зоран Заев: ''Јас како будала ти се обраќам на...

Саше Политико до Зоран Заев: ”Јас како будала ти се обраќам на тебе како на будала” !!!!

spot_img

Што се случува со Зоран Заев? Има ли ронка вистина во претпоставките на Саше Ивановски Политико, сопственик на порталот Мактел и голем поддржувач на Заев, дека во главата на премиерот се врти мислата да даде оставка, поради бугарското вето?

Еве, меѓу другото, што пишува Ивановски во својата последна колумна под наслов „Лична молба до премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев“:

„Затоа, друже Заев, колку и да ти е згадено од полудените Бугари, колку и да ти се скиснати цревата од опозицијата, колку и да ти идат на нерви хистеричните критизери кои врескаат за секакви ситници, колку и да си уморен од Корона Пандемијата која го прави ренде и буџетот и економијата, те замолувам да издржиш уште некоја година додека да се реформира ВМРО ДПМНЕ за да не се плашиме дека пак ќе дојде Груевизмот на власт. Аман заман премиере, те молам немој да не напушташ пак да не газат со нозе и да не бутаат по затвори, да не тепаат, да не казнуваат, да не бркаат на улица без скршена пара, да гладуваме пак, да дремеме на маргините, доста ни беше такво мачење и искушение“.

Според вордингот во ова обраќање, барем што се однесува до авторот, работата е мошне сериозна. А сега доаѓа и оној најинтересен и најсимптоматичен дел од оваа знаменита колумна, која долго ќе се раскажува. Пишува Саше Политико:

„Јас и ти (се мисли на Заев – н.з.) сме малку и слични, па затоа како една будала која со години се жртвуваше за доброто на земјата на чудење на сите мои блиски ти се обраќам на тебе како иста таква будала која наместо да ужива во својот живот на успешен бизнисмен си го жртвуваше животот жртвуваше да заглавиш во затвор да бидеш убиен го стави семејството на отстрел за подобра иднина на земјава, па затоа мислам дека има шанси да ги слушнеш овие молби и да постапиш како што те замолувам и не само јас, сигурно истото го мислат 99% од членовите на СДСМ…

А зошто сме јас и ти такви будали? Па секоја земја мора да има такви будали, без нив нема да има држава, ако сите сме себични и гледаме сеир или сме опортунисти или аутисти, никогаш немало да стекнеме и нема да имаме понатаму држава… Јбг, некој мора. Така им одговарав 10 години на сите оние кои ме прашуваа зошто трчам по Груевски и јадам ќотек како магаре а живеам како голо куче…“

Останува загатката што се случува со премиерот Заев и дали на било кој начин оваа колумна, во која Заев се нарекува „будала“, а Бугарите се означуваат како „полудени“, е во некаква комуникација со пи-ар службата на македонскиот премиер. Упатените велат дека таа претпоставка би требало да се отфрли, но предупредуваат дека пораките што се испраќаат во овој текст, од човек чија близина со Заев е неспорна, се многу симптоматични и внимателно ќе се анализираат во политичките кругови, во Скопје, но и пошироко.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вмро Дпмне О.К Струга организира хуманитарна акција.

Почитувани стружани, да се придружиме на хуманитарната акција на ВМРО-ДПМНЕ, со која ќе придонесеме секое семејство во радост да ја дочека Новата година. 28.12.2024 година,...

Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница

Паднаа цените на производите кои не се дел од Новогодишната кошница, а чии цени драстично беа качени од трговците во изминатата недела. Самите маркети...

Градоначалникот Пецаков ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња.

Во духот на дарувањето и со цел да споделиме празнична радост и внимание, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на најмладите. Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението...

Беровчанец подарува месо и лекови за сите што неможат да си купат за празниците.

Неверојатно хуман гест за празниците прави беровчанецот Звонко Цонкински. Тој за сите што неможат да си го дозволат обезбедува месо од неговата фарма, тој...