15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина 35 годишен битолчанец кој самоволно си ја напуштил болницата !!!

Почина 35 годишен битолчанец кој самоволно си ја напуштил болницата !!!

spot_img

Млад битолчанец синоќа почина на Инфективното одделение во битолската болница , откако претходно избегал од одделението и повторно е вратен со итнатат помош, објави телевизија Телма.

<

Младиот битолчанец (35 години) бил сместен во ковид-центарот на 16 ноември, но вчера за време на ручекот ја напуштил болницата.

Од СВР Битола инфомрираат дека лекар од оваа здравствена установа пријавил во полиција дека лице позитивно на ковид-19 вчера претпладне избега од Инфективното одделение.

„Во 18 часот пациентот бил донесен со возило на Итната помош и медицинска екипа во вонредно тешка општа состојба, неконтактибилен. Според кажувањата на медицинската екипа од итната помош пациентот со приватно возило си отишол дома наводно да се наспие и одмори и се напил средства за спиење и смирување во непозната количина, веднаш заспал и не се будел по што семејството повикало итна помош која по интервенцијата го донела на инфективно одделение. Од страна на дежурната екипа на ковид одделот биле превземени реанимациони мерки, но без одговор. Во 18,45 часот настапила смртта. Во системот не постојат внесени коморбидитети“, информираат од Министерството за здравство

Во денешната официјална статистика на битолското Инфективно одделние има уште двајца починати на возраст од 55 и 73 години, со што вкупниот број се искачи на 61 лице.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...