15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаСветЏоковиќ донираше апарат вреден 210. 000 евра: ЦТ-апаратoт ја олеснува дијагностиката на...

Џоковиќ донираше апарат вреден 210. 000 евра: ЦТ-апаратoт ја олеснува дијагностиката на пациенти болни од Ковид 19

spot_img

Во белградкиот клинички центар „Драгиша Мишовиќ“ , денес беше пуштен во употреба најсовремениот ЦТ-апарат „Канон“, кој ќе помогне во забрзувањето на дијагнозата на пациентите со Ковид 19 и тој е донација од фондацијата „Новак Џоковиќ“, Апаратот вреден 210. 000 евра беше лично предаден од страна на најдобриот тенисер во светот, Новак Џоковиќ.

<

Џоковиќ, предавајќи ја донацијата, им се заблагодари на здравствените работници и рече дека е потребно сите да се обединат и да им пружат поддршка.

„Благодарам на сите здравствени работници кои работат во вонредни околности скоро десет месеци и се борат за сите нас“, рече тој и изрази надеж дека скенерот, како и целата друга донирана опрема, ќе ја олесни работата на здравствените работници и дополнително ќе го зајакне здравјето.

Директорот на Клиничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“, Владимир Џукиќ, изрази голема благодарност за набавката на вредна медицинска опрема.

„Благодарение на овој апарат, ќе можеме тука безбедно да ги спуштаме пациентите кои се интубирани, кои се на апарати за вештачка вентилација и за 15 секунди ќе имаат многу прецизна и добра дијагноза на белите дробови и другите системи на органи, бидејќи овој уред може да направи и васкуларни дијагностика и друга дијагностика, што е важно кај овие пациенти“, рече Џукиќ.

Тој додаде дека здравствените работници во оваа борба, покрај храброста што ја имаат, имаат потреба и од енергијата и победничкиот менталитет на Новак Џоковиќ.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...