15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаЗабаваПриказна за слепото момче, кое ќе ве натера да го цените и...

Приказна за слепото момче, кое ќе ве натера да го цените и сакате вашиот живот

spot_img

Приказна за слепото момче, кое ќе ве натера да го цените и сакате вашиот живот…Слепото момче седеше на скалите пред една зграда со шешир до своите нозе. Тоа држеше мала табличка со натпис: Јас сум слеп! Ве молам помогнете ми! Во шеширот имаше само неколку монети…

<

По улицата одеше еден човек. Тој извади неколку монети од џебот и ги фрли во шеширот до момчето. После тоа мажот ја зеде табличката, ја сврти од другата страна и напиша неколку зборови, после што се одалечи. Многу скоро шеширот почна да се полни со монети. Многу луѓе оставаа монети во шеширот на слепото момче…

Истиот ден покасно, мажот кој го напиша новиот натпис на таблата се врати за да види како се одвиваат работите. Момчето го препозна ( на начинот на кој слепите само умеат) и го праша:

„Нели вие сте истиот човек што утрово го смени натписот на мојата табла? Што напишавте?“

Мажот одговорил:

„Јас само ја напишав вистината. Го напишав истото што и ти го имаше напишано, само на поинаков начин.“ Тоа што мажот го беше напишал на табелата гласеше:

„ДЕНЕС Е ПРЕКРАСЕН ДЕН, НО ЈАС НЕ МОЖАМ ДА ГО ВИДАМ.“

Мислите ли дека првата и втората табла зборуваат едно исто? Секако дека и двете табли покажуваат на луѓето дека момчето е слепо. Но првата само може да те натера да се сожалиш или не и да оставиш паричка во капата. А втората табла им покажува на луѓето дека тие можат да уживаат во прекрасниот ден, но момчето нема да може, затоа што е слепо.

…Понекогаш е потребно сосема малку, за човек да се замисли и да почне да ги цени даровите кои ги има, и кои често се запоставени од сите нас…

Научи се да си благодарен за даровите во твојот живот! Сети се за оние кои имаат помалку и…

Помагај со што можеш!

photo:globalgiving.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...