Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вечерва објави дека е откриен и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека сакајќи да ја избегне колоната возила.
„Тик ток ‘фраерот’ што возеше по вело патеката на 8 Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено …“напиша Шилегов на својот профил на Фејсбук.
Според информациите од записниците, се гледа дека казната од МВР за возачот е 20 евра, а казната од Град Скопје е 50 евра.