6.9 C
Ohrid
недела, декември 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР не даде зелено светло за државјанствата со тројца сведоци-албанските партии обвинуваат...

МВР не даде зелено светло за државјанствата со тројца сведоци-албанските партии обвинуваат за дискриминација

spot_img

Како што пишива Дојче Веле во нивната сторија албанските опозициски партии обвинуваат за дискриминација, Спасовски вели дека треба да се заштитат националните и државни интереси

Предлог-законот за државјанство кој што го поднесоа албанските опозициски партии при крајот на минатата година, не наиде на поддршка во надлежните институции. Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци, без да бидат приложени документи како доказ. Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Северна Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предлогот го оцени како „политички памфлет“.

 Со измените на Законот за државјанство што се разгледуваат во Собранието по скратена постапка на предлог на пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива, оној што бара македонско државјанство, ќе треба да обезбеди изјави од три лица што ќе сведочат дека барателот живеел на територијата на Македонија до 8 септември 1991 година или, пак, изјава на само едно лице што во тој период било жител или сѐ уште живее во местото во кое живеел барателот. Додека измените поминуваат низ собраниските филтри, во јавноста се кршат копјата околу оправданоста на ваквиот предлог. Ставувањата се дали на ваков начин се отвара простор за злоупотреби околу делење државјанства на тацна, особено ако се покажат како точни калкулациите дека на тој начин до македонски документи би дошле 70.000 лица.

Целосниот текст прочитајте го во dw.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Интерпол распиша потерница за водачот на Лев Тахор кој престојуваше и во Македонија поточно во селото Лакочереј.

Меѓународната полициска организација Интерпол распиша потерница по водачот на сектата Лев Тахор, Џонатан Емануел Кардон Кастиљо (23). „Кастиљо е баран од полицијата во Гватемала под...

Синот на висок функционер од ДУИ кој ја издаде полицијата остана само без својот мобилен.

Полицијата синоќа привела лице, заради извршување службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“ во врска со полициските акции месецов против...

Прв потврден случај на африканска чума кај свиња во охридското село Лакочереј

Случај на мошне заразната болест африканска чума кај свињите вчера е детектиран на приватно стопанство во охридското село Лакочереј. Станува збор за прв потврден случај...

Почина Јагнула Куновска, една од најистакнатите правници, политичари и уметници во Македонија.

На 81-годишна возраст почина Јагнула Куновска, една од најистакнатите правници, политичари и уметници во Македонија. Зад себе остави значајно наследство во различни општествени сфери. Родена во...