-1.5 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридскиот градоначалник Георгиевски не чувствува винa за УНЕСКО

Охридскиот градоначалник Георгиевски не чувствува винa за УНЕСКО

spot_img

Не чувствувам лична одговорност за лошиот нацрт извештај на УНЕСКО за Охрид, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во вечерашното гостување во „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Тој посочува дека откако е дојден на функција на 5 мај во 2019 спроведени се многу работи, но сепак сегашната состојба е поради проблемите кои претходно се таложеле. Забелешките до Унеско ќе бидат испратени, но не очекува големи промени на извештајот, а ние ќе ви издвоиме неколку отсранување на билборди палми и рушење на еден хотел во непосредна близина на Св Еразмо, и плажата Немо…

Првиот човек на Охрид причината за сегашната состојба ја лоцира во минатото и проблемите кои се таложеле.

Негова соговорничка во емисијата беше Донка Барџиева од Ценатрот за културно наследство која за одговорна ја смета Владата.

Барџиева вели дека извештајот на УНЕСКО за градот Охрид е повеќе од реален и дури ситуацијата на сите оние кои ги следат проблемите во Охрид е далеку по лоша отколку што е тоа наведено во самиот извештај.

Таа посочи дека последните три години требаше да донесат пресвртница во решавање на проблемите во Охрид, но решавањето на проблемите изостана.

-Крајно време е да се лоцира одговорноста за овие проблеми, не би сакала да посочувам личности, но време е да се побара одговорност и да се направи ревизија на работата воопшто на клучните владини институции, како и на градоначалниците, факт е дека со децении немаше план за управување по препораките на УНЕСКО, вели Барџиева.

Барџиева вели дека вината е разгранета на повеќе нивоа, но пред се главната вина ја има Владата, затоа што извештајот е адресиран до Владата, која е потписничка и се обврзува со конвенцијата и одговорноста треба да ја преземе Владата и премиерот, министерството за култура, управата за заштита, музејот на Охрид и локалната самоуправа.

Таа исто посочи дека дел од извештаите биле сокривани како и тоа дека биле ставани податоци кои не се точни и не се факти како активности кои биле извршувани, па по тоа таа заклучи дека тоа е срамно однесување за идна членка на ЕУ.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...