Денес не напушти уште една Охридска легенда Илче Чело Богданоски, на 58 годишна возраст. Неговиот живот го посвети како шофер на такси возило, но со овој човек возењето беше толку забавно и смешно што никогаш немаше да посакате да се симнете од возилото иако сте стигнале брзо и точно на посакуваната дестинација. Челото ќе остане засекогаш запаметен како ведар харизматичен и ”луд” шофер. Од официјални извори дознаваме дека причина за смртта е Ковид-19. Почивај во мир Илче вечно ќе те паметиме и ќе ни недостигаат твоите штосови.
Зошто беше еден од најомилените и најзабавните таксисти ќе погледнете во следното видео, кое го прикачивме во негова чест и сеќавање..