13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаРадмила Шекеринска: Ние можевме и да не ви кажеме дека ни го...

Радмила Шекеринска: Ние можевме и да не ви кажеме дека ни го вратија капарот, но народот ќе речеше криетe од нас.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека доколку сакале можеле да сокријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни го вратила платениот капар.

„Сакам да зборувам за работи кои што целосно ги познавам и во кои сум учествувала, мислам дека најсоодветно е да не се мешаме во работи во којшто информациите ги имаме од Влада, но и од она што јавноста е достапна. Ако нешто можевте да забележите во изминатава година, и мислам дека тоа понекогаш може да нѐ прави и послаби, меѓутоа мислам како држава тоа е чекор во вистинска насока, тоа е дека никогаш информациите не ги криевме од јавноста, и кога се добри вести, и кога се лоши вести. Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања, но тоа не е начин на кој функционира оваа Влада. Подобро е да ги кажеме проблемите со кои се соочуваме“, рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа вели дека за истите фрустрации и незадоволство од набавката на вацини може да се слушне од многу земји членки на Европската Унија.

„Најголемата група на земји која што во принцип се сметаше дека ќе го диктира темпото, но дури и тие се соочија со проблеми со дел од производителите и со обезбедување на потребните количини“, вели таа.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...