6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 30, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Стефанија Хаџиевска: Иле имаше само една желба, за Велигден да си...

Д-р Стефанија Хаџиевска: Иле имаше само една желба, за Велигден да си оди дома здрав и жив !!

spot_img

Вечерта во петокот спрема саботата, срцето на 20 годишната Верица Белчовска од беровско Русиново, продолжи да чука во телото на Илија Стрезовски од Брвеница. На Клиниката на Државната Кардиохирургија беше извршена втората трансплатација на срце за неполна година пишува Женски Магазин

Илија по трансплатацијата, а и пред неа, имал само една желба. Да си дојде дома за Велигден. „Ќе направиме сè за да му ја исполниме желбата“, раскажа за Женски магазин д-р Стефанија Хаџиевска, анестезиолог на клиниката за Државна кардиохирургија, која е дел од тимот од самото нејзино отварање, и раководител на одделот за анестезија на Клиниката.

Д-р Хаџиевска вели дека дента пред трансплатацијата од премор и од возбуда не спиела многу, и верува дека се чувствувале и нејзините колеги.

-За разлика од минатиот пат, бевме помалку членови во тимот, работевме заедно со дел од докторите и сестрите од Клиниката „Жан Митрев“, меѓутоа под водство на нашиот Проф.Сашко Јовев и на наш веќе познат терен, на нашата Државна Кардиохирургија“, ни раскажа Стефанија која и минатата година во мај, беше дел од лекарскиот тим што ја изврши првата трансплатација на срце од Иван Огненовски, чиј донор беше семејството на Емилија Динева. Тагата на семејството на дојранчанката Динева и среќата на семејството на Иван беше причина целата домашна јавност јавност да биде сплотена како што одамна се немаше случено кај нас. Д-р Хаџиевска вели дека трансплантацијата траела околу 6 часа.

-Имаше мал страв нормално, меѓутоа секако дека помогна искуството од првата трансплантација и веќе разгазената стратегија. Олеснителна околност можеби беше што се работи за доста млад примател и релативно здрави останати органи. Се запознавме со Иле пред операцијата, исклучително мил и позитивен лик“, вели Стефанија за искуството со пациентот. Она што најмногу ја трогнало, бил односот на Иле со неговата сопруга која има 20 години. Нивната љубов и приврзаност, таа и колегите ја почувствувале уште веднаш, кога таа влегла да го посети.

-Беа доста збунети и возбудени, таткото на Иле беше тука цело време. Скромни, мирни луѓе. Го видоа откако се разбуди. Мајката таткото сестрата и сопругата. Со жена му беа ептен слатки, млади многу двајцата, таа 20 години. Фамилијата беше многу среќна и возбудена“, вели д-р Хаџиевска и додава дека не го запознала семејството на донорот, Верица Белчовска.

Колегите кои се сретнале со нив ѝ раскажале за рекацијата на Белчовски: „Ако нашатата ќерка беше во иста ситуација, ние би биле благодарни кога би имал кој да ѝ го подари своето срце.“

Хаџиевска е многу горда на тимот со кој што работела и благодарна на министерот за здравство Венко Филиче за кој вели дека бил речиси цело време со нив и им ја давал својата поддршка и доверба.

Директорот на државната кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев, академик д-р Жан Митрев, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, д-р Дејан Димитровски, д-р Александар Колев, д-р Кујтим Џелили, д-р Ванѓел Здравевски, д-р Соња Граждани, д-р Марија Ѓеракаровска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Дарко Стефановски, медицинските сестри Марија Дојчиновска, Слаѓана Гроздановска, Мартина Караџоска, Имран Елези, Христина Николоска, Милица Ѓ. Ристовски, Анита Ангеловска, Магдалена Томовски, перфузионистите Стефан Кметовски и БорчеДимоски, Верче Стојкоска се само дел од тимот што ја изврши трансплатацијата.

Верица Белчовска за голема жал ја имаше истата судбина со Емилија Динева, и двете се жртви на соораќајни незгоди, но срцата на двете жени продолжија да чукаат кај Иле и кај Иван.

Милица Џаровска

Фото: Приватна архива

Извор: Женски Магазин

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ИЈЗ препорачува да намалите со алкохол за празниците

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. – За време на празниците, луѓето се опуштаат во...

Деновиве во Велгошти се одвиваат активност за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици.

Деновиве во Велгошти се одвиваат активност за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици. Вкупната должина на асфалтирани краци изнесува 320 метри. Вредноста на...

20.000 денари за најдобриот полицаец Кристијан Митковски

КРИСТИЈАН МИТКОВСКИ Е НАЈДОБАР ПОЛИЦАЕЦ ВО 2024 ГОДИНА. Утрово имав средба со командирот на полициската станица од општа надлежност Гази Баба Саше Стоилевски и полицискиот...

Филипинката Ешли се омажила овде и вели: Тука многу се јаде и пие и се нервирате за ситници

Горан Стојановиќ (33) на работа бил однесен во Катар, каде што работел на изработка на рекламни панели за Светското првенство во фудбал. Кога тргнал, не...