2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗабрана за влез на навивачи од Македонија во Холандија за претстојниот меч...

Забрана за влез на навивачи од Македонија во Холандија за претстојниот меч во Амстердам

spot_imgspot_img

Амбасадата на кралството  за македонските навивачи кои веќе се обезбедени со карти и превоз за третиот меч на македонската репрезентација кој го играме во Амстердам. Домаќините не нè примаат.

Македонските навивачи кои планираа да ја бодрат нашата репрезентација против Холандија нема да може да патуваат, затоа што Македонија сè уште е дел од земјите од кои забрануваат да се патува поради пандемијата.

Во листата на безбедни земји од Ковид 19 која е објавена на сајтот на холандската влада се Австралија, Кина, Израел, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд, кои важат за држави со низок ризик од зараза со коронавирус, како и неколку европски земји кои не се членки на ЕУ како Норвешка, Исланд, Швајцарија, Лихтенштајн, Монако, Андора, Сан Марино и Ватикан.

Тоа значи дека во следниве денови доколку Холанѓаните не ги разлабават мерките, Македонија на 21-ви против Холандија ќе може да има поддршка само од Македонци кои живеат во горенаведените земји.

„Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување“, стои во соопштението на холандската амбасада во Македонија.

https://www.facebook.com/NLinSkopje/posts/4352275448137118

Во Букурешт пак за сега останува на сила одлуката за 33% од капацитетот на националната арена која собира 55.000 гледачи и се очекува потврда или одбивање на одлуката за зголемување на бројот на фанови.

Билети за првиот натпревар на Македонија против Австрија кој се игра на 13-ти овие денови имаше во слободна продажба на сајтот на УЕФА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...