1.8 C
Ohrid
петок, декември 27, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата издвои шест милиони денари помош за охридскиот градоначалник за отстранување на...

Владата издвои шест милиони денари помош за охридскиот градоначалник за отстранување на бесправните објекти

spot_img

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје кои ги изведува општина Охрид, со што ги потврдува своите заложби за посветено исполнување на препораките на УНЕСКО и за имплементацијата на „Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“, известуваат владините служби.

Од таму додаваат дека Владата веќе има обезбедено средства во износ од шест милиони денари за отстранување на бесправните објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското езеро кои ја нарушуваат природната и културна автентичност на регионот.

„Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид. Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, Општина Охрид упати и апел до сопствениците на бесправни градби да постапат по решенијата за отстранување и сами да ги отстранат објектите“, пишува во владиното соопштение.

Напоменуваат дека Владата во координација со Општина Охрид ќе продолжи да се залага за конечно воведување ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано.

„Ја поддржуваме Општина Охрид да продолжи со активностите за отстранување на бесправните градби сѐ додека не бидат отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и го деградираат уникатното заштитено подрачје на регионот“, велат од Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кикбоксерот Бобанчо Илиоски избран за најдобар спортист на Македонија

Ја имам честа и оваа година да бидам избран за најдобар спортист на Македонија и да добијам признание од премиерот Христијан Мицковски. Убаво е...

Вмро Дпмне О.К Струга организира хуманитарна акција.

Почитувани стружани, да се придружиме на хуманитарната акција на ВМРО-ДПМНЕ, со која ќе придонесеме секое семејство во радост да ја дочека Новата година. 28.12.2024 година,...

Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница

Паднаа цените на производите кои не се дел од Новогодишната кошница, а чии цени драстично беа качени од трговците во изминатата недела. Самите маркети...

Градоначалникот Пецаков ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња.

Во духот на дарувањето и со цел да споделиме празнична радост и внимание, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на најмладите. Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението...