1.9 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаШтипјанката Драгица Панова по грешка ја запишале како мртва, па сега 4...

Штипјанката Драгица Панова по грешка ја запишале како мртва, па сега 4 месеци талка по институциите да докаже дека е жива за да земе пензија !!!

spot_img

Два месеца, штипјанката Драгица Панова пред Фондот за ПИОМ не може да докаже дека е жива. Нејзината бизарна приказна, започнува со смртта на нејзиниот сопруг, на почетокот на годинава.

Мојот сопруг почина на 4 јануари, и јас сум заведена како почината на 4 јануари, а по кој основ сум заведена како мртва не знам. Од јануари наваму јас немам добиено пензија. Никој не сака да ми објасни што е проблемот, изјави Драгица за ТВ Стар.

Од тој момент таа оди од врата до врата со намера да докаже дека е жива и да обезбеди редовен прием на пензијата, но до денеска сите обиди и се неуспешни.

– Во месец март ги исправив документите, и рекоа дека ќе биде. Но отидов да земам пензија и ми рекоа дека нема, истото го рекоа и во април, вели Драгица.

Во меѓувреме таа живее скромно и за пари се снаоѓа на различни начини во очекување администрацијата да го реши нејзиниот случај.

 – Позајмував пари и сега како да ги вратам? Кажете ми што да правам јас без пензија? Ова што се случува е срамота, од жив да те направат умрен и да те остават без денар. Пополнив потврда за живот, рекоа ќе се среди. Кога ќе се среди?, прашува Драгица.

Од друга страна од Фондот во врска со случајот изјавија дека Панова до сега не се обратила кај референтот за права од прв степен да достави лична карта.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...