1.8 C
Ohrid
петок, декември 27, 2024
ПочетнаСветСе заразил со коронавирусот, па кашлал врз „бившата“ сопруга....

Се заразил со коронавирусот, па кашлал врз „бившата“ сопруга….

spot_img

Маж во Австрија (63) бил осуден затоа што намерно ја заразил својата поранешна сопруга (70) со коронавирус кашлајќи кон неа.

Портпарол на регионалниот суд во Линц изјави дека 63-годишникот е осуден на девет месеци затвор и условно на три години, пишува Асошиејтед Прес.

Мажот бил осуден за обид за нанесување тешка телесна повреда поради намерно заразување на жртвата со ковид 19, во ноември минатата година, додека тие сè уште живееле во истата куќа, пред официјално да бидат разведени.

-Обвинетиот, чие име не беше соопштено, кашлал кон 70-годишната сопруга откако дознал дека бил позитивен на коронавирус, рече портпаролот на судот.

Мажот бил осуден и за закана на жртвата и лесна телесна повреда кога ја фатил за врат и ја убедувал да ја напушти нивната заедничка куќа.

Исто така, му било наредено да и плати 1.000 евра надомест на неговата поранешна сопруга, која во меѓувреме закрепнала од инфекција со Ковид 19

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кикбоксерот Бобанчо Илиоски избран за најдобар спортист на Македонија

Ја имам честа и оваа година да бидам избран за најдобар спортист на Македонија и да добијам признание од премиерот Христијан Мицковски. Убаво е...

Вмро Дпмне О.К Струга организира хуманитарна акција.

Почитувани стружани, да се придружиме на хуманитарната акција на ВМРО-ДПМНЕ, со која ќе придонесеме секое семејство во радост да ја дочека Новата година. 28.12.2024 година,...

Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница

Паднаа цените на производите кои не се дел од Новогодишната кошница, а чии цени драстично беа качени од трговците во изминатата недела. Самите маркети...

Градоначалникот Пецаков ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња.

Во духот на дарувањето и со цел да споделиме празнична радост и внимание, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на најмладите. Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението...