2.8 C
Ohrid
петок, декември 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДурловски jавно ја пофали Радмила Шекеринска бидеќи кажала Македонија (ФОТО)

Дурловски jавно ја пофали Радмила Шекеринска бидеќи кажала Македонија (ФОТО)

spot_img

Познатиот оперски пејач Игор Дурловски и неговата сопруга, сопранот Ана Дурловски се родители на три деца: Максим и близнаците Лука и Софија.

На почетокот од пандемијата, Дурловски објави видео во кое пее со семејството. Тој со сопругата Ана, која е е исто така оперски пејач објавија видео како ја пеат познатата македонска песна „На Струга дуќан да имам“ придружувани од децата.

Слично видео, во која ја пеат традиционалната песна „Налеј, налеј“, објавија на Фејсбук на Илинден, додека се возат во автомобил.

„Секое дете е приказна за себе. Нема друга опција освен да им се посветите индивидуално и со подеднакво внимание за тројцата.

Не влијаам на нивните одлуки што сакаат да станат кога ќе пораснат, сакам тоа да биде нивна одлука“, изјави Игор Дурловски за децата во претходно интервју за „Кајгана“.

Инаку Дурловски, беше носител на изборната листа на ВМРО ДПМНЕ на претходните парламентарни избори.

 

 

Во октомври минатата година, тој реши да си поднесе оставка, односно го врати својот пратенички мандат. На својот фејсбук профил, Дурловски тогаш напиша:

„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот.

Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат.

Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам,“, напиша Дурловски на Фејсбук.

Инаку Дурловски беше еден од групата осомничени за настаните од 27. април. Тој тогаш не ја прифати понудената амнестија и на крајот доби ослободителна пресуда.

 

 

Игор Дурловски важи за принципиелен човек, впрочем со чекорот кој го превзеде и напуштањето на Парламентот, тој тоа го докажа.

Тој завчера, на својот профил на социјалните мрежи, напиша:

 

 

„Секое некористење на придавката северна во името го поздравувам макар било и од кумовите на истото.“
СамоМакедонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кикбоксерот Бобанчо Илиоски избран за најдобар спортист на Македонија

Ја имам честа и оваа година да бидам избран за најдобар спортист на Македонија и да добијам признание од премиерот Христијан Мицковски. Убаво е...

Вмро Дпмне О.К Струга организира хуманитарна акција.

Почитувани стружани, да се придружиме на хуманитарната акција на ВМРО-ДПМНЕ, со која ќе придонесеме секое семејство во радост да ја дочека Новата година. 28.12.2024 година,...

Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница

Паднаа цените на производите кои не се дел од Новогодишната кошница, а чии цени драстично беа качени од трговците во изминатата недела. Самите маркети...

Градоначалникот Пецаков ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња.

Во духот на дарувањето и со цел да споделиме празнична радост и внимание, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на најмладите. Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението...