26.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаНа македонец кој се враќал од Германија србите на граница му одзеле...

На македонец кој се враќал од Германија србите на граница му одзеле 158 000 евра кои ги носел во јакна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со детален преглед открини се вкупно 158.000 во апоени од 500 и 200 евра во јакна на задното седиште на „мерцедес “ и во торба под седиштето на автомобилот.

<

На 72-годишен државјанин на РС.Македонија на граничниот премин Прешево-Табановце трајно му се одземени 148.000 евра, што српските цариниците ги пронајдоа во автомобилот „Мерцедес“ со германски таблички со кој од Германија патувал во РС Македонија за време на викендот, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Царинската управа на Србија, тој на границата изјавил дека нема што да пријави, освен лични работи и дозволените 10.000 евра, но со детален преглед открини се вкупно 158.000 во апоени од 500 и 200 евра во јакна на задното седиште на „Мерцедес “ и во торба под седиштето на автомобилот.

-10.000 евра веднаш се вратени на патникот, колку што според важечките прописи на Србија и ЕУ можат да се пренесат во готово преку границата, додека за преостанатата сума одлука донесе надлежниот суд по итна постапка. Патникот е казнет и трајно му се одземени 148.000 непријавени евра во корист на државниот буџет на Србија – соопштија од Царината.

Тие потсетуваат дека „преку границата дозволено е да се пренесуваат до 10 000 евра“, и дека износите над оваа сума „мора да бидат пријавени кај царинските органи, со валиден доказ за потеклото на парите“

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...