Премиерот Зоран Заев вечерва на јавна дебата во Неготино ја побара поддршката од жителите на оваа општина за реализација на инвестицијата за отворање фабрика за обработка на отпад, што треба да биде лоцирана на пет километри од село Дуброво.
Заев истакна дека проектот ќе има големо влијание во намалувањето на емисијата на штетните гасови во 48 општини, ќе го намали микробиолошкото загадување, загадувањето на почвата и подземните води, како и дека ќе ја спречи појавата на неконтролирани пожари во сите диви и регулирани депонии.