8.9 C
Ohrid
среда, февруари 5, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Охрид ги советува граѓаните како да се заштитат од кражби

Полицијата во Охрид ги советува граѓаните како да се заштитат од кражби

spot_img

Во рамките на концептот „Полицијата со заедницата“, СВР Охрид и Отсекот за превенција, вчера на Градскиот пазар во Охрид, реализираше еден сегмент од кампањата – „Превенција од кражби“.

<

Полициските службеници, низ директен контакт со граѓаните, ги запознаа со целите на кампањата, беше поделен едукативен материјал и низ кратки разговори со граѓаните ги советуваа да обрнат поголемо внимание каде ги носат паричниците и другите вредни предмети додека се на пазар или други јавни површини.

Кампањата „Полицијата и заедницата“ продолжува и на плажите, паркинг просторите и на други места во градот и крајбрежјето, а целта е зголемена заштита на граѓаните и туристите од сторители на кражби и тешки кражби во нивните патнички возила и во домовите, подигнување на безбедносната култура на граѓаните за потребата од поголема претпазливост, градење на партнерство и јакнење на меѓусебната доверба.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Митровски: Васил ќе добие казна затвор изразена во двоцифрен број години ради притисокот на јавноста, и отежнатите околности.

Адвокатот Јанаки Митровски, цени дека момчето кое ја прегази Фросина, Васил Јованов ќе добие казна затвор изразена во двоцифрен број години заради отежнителните околности...

Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР

МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови. Според се уште неофицијалните информации од Тв Сител во тек се претреси во...

Болката од ден за ден поголема:Фросе била прегазена заедно со нејзиното куче Аја

Македонија Солзи и болка: Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја кое било пронајдено под автомобилот на Васил Автор: Деск 4NEWS.MK 05/02/2025 09:36 Здружението за заштита на животните...

Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов

HomeМакедонијаВести Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов Матеја Петровскифевруари 4, 2025 Семејствата на сега притворениот Васил Јованов,...