21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаМистерија- Едни служби ја прогласија за мртва други не- Дали жената од...

Мистерија- Едни служби ја прогласија за мртва други не- Дали жената од Челопек се спаси од пожарот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Mистерија останува смртта на жената од Челопек – безживотното тело уште не е најдено

<

Вчера во кумановското село Челопек во големите пожари која ја зафатија Македонија животот го загуби 60-годишната Стојанка.

Безживотното тело се уште не е најдено, со механизација но и рачно, внимателно се пребарува секој метар.

Исчезнатата жена не се најде, а тоа ги чудеше и увидните екипи.

Мистеријата ја зголемуваат и изјавите на мештаните, соседите и роднините. Едни велат дека тешко подвижната жена ја виделе надвор непосредно по пожарот кога и самите се спасувале. Неофицијално, од внатрешноста на куќата Стојанка комуницирала со својата сестра за опасноста од пожарот.

Дедо Борис, пак, нејзиниот животен сопатник пред чии очи се рушеше куќата во која живеел во вонбрачна заедница со Стојанка, вели дека огнот го начекал на спиење и дека бил целосно беспомошен.

Стојанка беше надвор веднаш по избувнувањето на стихијата, тврди пак, нивната соседка.

Пожарникарите, пак, кои дејствувале на самото место имаат свои забелешки. Тие не биле воопшто информирани дека некој има во куќата која гори.

Иако се уште официјално не може да се потврди првата жртва од пожарите, попладнево на прес конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изрази сочувство за жената од Челопек.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...