4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаОткако докторите беа наречени убијци, Гордана Гоџо јавно се извинува !!!

Откако докторите беа наречени убијци, Гордана Гоџо јавно се извинува !!!

spot_img

ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ НА ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ

Почитувани браќа и сестри,

Денес на социјалните мрежи ме пресретнаа мојата слика со написи како „доктори наречени „убијци““. Со неверување, затоа што никогаш не би кажала такво нешто, помислив повторно дека се работи за медиумска конструкција со цел нарушување на мојот углед.

Сепак, прегледувајќи го видеото со мојот говор, иако јас НЕ сум изговорила такви зборови, забележав дека на мојот говор во моментот кога ги спомнав докторите, публиката меѓу другото ги извикувала и зборовите „убијци“, поради што дел од јавноста разбрала дека истите се однесуваат на докторите, а не на оние кои дадоа повод за овие протести..

Затоа, јавно сакам да се извинам на целата јавност и пред сè на докторите кои се чувствуваат повикани во конкретната снимка и да кажам дека иако во такви околности скоро невозможно е да се контролира публиката, сепак чуствувам морална одговорност да го сторам ова. Доколку овие зборови во тој момент ги разберев во контекст како што ги пренесоа „независните“ медиуми, мојата реплика за публиката би била следната:

„Ги разбирам вашите фрустрации затоа што после 4-5 месеци откако почна вакциналната кампања, веќе скоро секој знае за по некој случај со примени дури и две дози на вакцина, да заболи со тешки последици, па дури и смрт. Но, официјалната реторика и официјалниот став на струката за овие случаи е дека без никаков сомнеж, не се поврзани со вакцината!

Како?… Кога самиот производител ги наведува истите состојби како нус-појави? Како?.. Кога причината за смрт е утврдена без аутопсија? …

Милион прашања на луѓето, без ниту еден одговор од струката без политиката.

Но, „убиец“? Не може да биде убиец некој што секојдневно минува низ агонијата на болните. Докторите се тие кои секоја животна приказна со која ќе се сретнат треба да ја внесат во својот живот и да продложат со неа. Не е фер и неблагодарно е сите, заедно со докторите-политиканти, да ги ставиме во ист кош и да ги наречеме „убијци“. Зарем мислите дека тие не се збунети? Зарем мислите дека нив не ги интересира зошто во Македонија има најголема смртност? Зарем мислите дека тие после секој смртен случај не си го поставуваат прашањето: „А дали можев да направм нешто повеќе за да го спасам?“ Зарем знаеме дека не преземаат ништо во врска со ова, па да ги обвиниме?

Па, благодарение на огромниот број на доктори кои излегуваат од темниот лавиринт во кој ги стави политиката. ние денес сме овде, свесни за сето ова што ни се случува. Токму доктори се тие што ни ги отвораат очите! Како инаку ние ќе разберевме? Зарем тој доктор бил „убиец“ пред да проговори јавно?

Не. Ве молам гневот да го насочиме таму каде што е соодветно, а тоа е кон политиката поддржана од медиумите која ја презеде улогата на доктор пред јавноста и сите, заедно со вистинските доктори, нè донесе на ова немило дереџе. Бесот кој ни го наметнаа политичарите е преголем, но тоа не треба да нè сврти еден против друг. Тоа е нивната цел. Напротив, тоа треба да нè сплоти.

Јас ги повикав докторите затоа што нам ни е потребно да ги слушнеме нив. Оние што во прва линија лечат пациенти. Каде се? Затоа, да им порачаме на докторите кои спасуваат човечки живот дека сакаме да бидат поблиску до нас, а не политиката да зборува во нивно име. Да ги охрабриме јасно и гласно да ги поставуваат прашањата кои се од интерес на луѓето, зошто како што им ги доверуваме нашите последни моменти од животот, така и надежта ја ставаме во нивни раце!…“

Ова е мојата јасна мисла за докторите.

Но, затоа за медиумите немам никакво извинување. Од целиот мој говор, единствената вест која беа способни да ја прикачат на мојата слика се зборови на публиката кои многупати беа изречени за време на протестот, но секако тие го „погодија“ моментот. Секоја чест за нив и нивното независно новинарство.

Гордана Гоџо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...