17.9 C
Ohrid
сабота, мај 10, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Со преполнети капацитети функционираат болниците во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга

Филипче: Со преполнети капацитети функционираат болниците во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од денеска дел од тимот, лекари, медицински сестри, волонтери од Црвениот Крст, од повеќе пунктови во Здравствен дом Скопје е префрлен во А1 СЦ Арената Борис Трајковски со цел да се зголеми пристапот до вакцини за граѓаните и сите кои сакаат да се вакцинираат, по зголемениот интерес за вакцинација во изминатиот период. Во функција е малата сала, каде денеска беше во посета министерот за здравство д-р Венко Филипче. Министерот изјави дека во овој момент значително расте интересот за вакцинација помеѓу младата популација.

<

-Во последниот период значително расте интересот за вакцинација на помладите групи на граѓани, од 18 до 40 години и сега таа бројка изнесува некаде околу 170.000 граѓани, што е според анализите 26% од вкупното население во тие возрасни групи. Во просек околу 10.000 граѓани се вакцинираат дневно, а близу 700.000 се опфатени со прва доза, од кои 510.000 граѓани се ревакцинирани. – кажа министерот Филипче

Состојбата во болниците и натаму е иста. Со преполнети капацитети во моментов функционираат болниците во Тетово и Гостивар, нешто слично и во Кичево и Струга, од кадешто преку систем на координација секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација се сместува и со транспорт се пренесува во Скопје. Во Скопје во овој момент има сосема доволен број на болнички места во болницата во Козле кадешто функционира и ротира тим на лекари специјалисти и инфектолози и пулмолози. Министерот Филипче образложи дека се подготвени и други дополнителни капацитети, но засега нема да има трансформација во други ковид центари, како што беше тоа за време на претходниот бран.

Новите бројки на новодијагностицирани се охрабрувачки, истите опаѓаат. Но, премногу е рано да се каже дека тоа е некаков тренд. Затоа будно ја следиме ситуацијата и се анализираат сите параметри. – кажа Филипче.

Тој ги повика на масовна вакцинација, младите, посебно родителите чии деца ќе почнат да одат во училиште или во градинка.

-Важно е нивните родители да се вакцинираат со цел да се обезбедат семејствата. Ова е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата. Сите пандемии и епидемии гледано историски наназад завршиле исклучиво со вакцинација, не со прележување на болеста и сега кога го имаме овој механизам на располагање и веќе кога е докажано ефикасен, односно ефективен, а тоа сега се манифестира со релативно помалиот број на пациенти во градовите кадешто е поголем опфатот со вакцинација, тоа е единствениот механизам целосно да се смени сликата со пандемијата како кај нас, во регионот и во целиот свет. – изјави Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за...

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда. 21 годишниот турски државјанин К.К. во Штип дошол специјално од Адана поради крвна одмазда. Ова...

Малолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Долготраен притисок и закани Шокантен случај на уцена и психолошка тортура во основно училиште во Скопје. Малолетна ученичка од скопската населба Бит Пазар била жртва...

„Мојот татко ни се заканува дека ќе нè убие“: Прво интервју на внукот на Зоки Фаци

Хајп.мк“ ексклузивно разговараше со Дарко Митровиќ, внукот на Зоки, кој ја сподели болната вистина. „На први мај добиваме телефонски закани, закани по живот, за жал...