14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаПартиски поттрчковци ширеле лага низ општина Дебрца- Морало да победи партија, во...

Партиски поттрчковци ширеле лага низ општина Дебрца- Морало да победи партија, во спротивно државата немала финансиски да ја помогне општината !!!

Деновиве од одредени партиски кругови се пласира една класична најблаго речено невистина.
На локалните избори требало да се гласа за партиски кандидат, затоа што во спротивно општината немала да има поддршка од централната власт и демек ќе пропаднела.
Лага, пар екселанс . Еве зошто
➡Прво, општината согласно закон има изворни приходи, кои никој неможе да и ги одземе,
➡Второ, секоја општина има право на наменски и блок дотации од централниот буџет, кои никој не неможе да и ги одземе
➡Трето, секоја општина има пристап до ЕУ ИПА и други меѓународни фондови, и може да дојде до грантови, со издржани проекти.
Во изминативе четири години општина Дебрца реализираше повеќе проекти со грантови од ЕУ и други донатори и тоа
реконструкција на две улици во село Мешеишта, во должина од 998 метри, 9.061.907,67 денари без ДДВ или 147.000 ЕУР, грант на ЕУ ИПА
Набавена е нова механизација и тоа:
➡универзален ровокопач ЈЦБ,, во вкупна вредност од 5.892.191 денари;
➡трактор со приклучна механизација-приколка, мулчер и нож за чистење на снег, во вредност од 2.441.550 денари,
➡теренско возило Лада Нива, во вредност од 714.347 денари.
Вкупната вредност на механизацијата изнесува 9.048.088 денари или 147.000 евра, а средствата се обезбедени од ЕУ ИПА грант
Во рамките на Проектот: “Подобрување на општинските услуги”, со средства обезбедени од ЕУ ( ИПА ) грант набавен е универзален ровокопач, марка Hidromec ,во вкупна вредност од 5.800.000 денари
Во рамките на Проектот ‘Унапредување на општинското владеење’, финансиран од Европската Унија обезбедивме грант ,во вредност од 26.000 евра за набавка на 350 канти за собирање на отпад, од по 360 литри и изработка на ЛЕАП,
Во рамките на проектот: “ Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ беше имплементиран инфраструктурен проект: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион “, при што на Слатинското Езеро се уредени мини туристички содржини ( изградена е пешачка патека од камени плочи, во должина од 160 метри, уреден е паркинг простор, три летниковци, три типски пикник маси ), вредност 20.000 еур, грант од Швајцарската влада.
Проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област / Македонија-Грција”, Conse- pp, реконструиран е изложбен центар на Белчишкото Блато и други активности, вредност 219.555,79 ЕУР ЕУ ИПА грант,Програма за прекугранична соработка Македонија Грција
Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во модерен планинарски дом, реконструкција на пропустите на патот од село Брежани до Илинска црква, набавка на опрема и специјално теренско возило за спасување во зимски услови, вредност 120.000 ЕУР ЕУ ИПА грант, Програма за прекугранична соработка Македонија Албанија

Само од овие проекти во изминативе 4 години во општина Дебрца се инвестирани средства во износ од 774.000 ЕУР, ГРАНТОВИ. Во претходните 20 години ни приближно не се инвестирани толку средства грантови, колку за последниве 4 години.

Заклучок ➡Развојот на општината не зависи од тоа дали градоначалникот е партиски кандидат, туку дали е способен успешно да ја менаџира општината и дали општинската администрација е способна да подготви квалитетни и издржани проекти, без кои нема пари.

Така да си знаете‼
Стои во соопштението на градиначалникот Ногачески.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...