20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЛевица повика да се гласа пpoтив власта на СДСМ и ДУИ

Левица повика да се гласа пpoтив власта на СДСМ и ДУИ

Партиското раководство на Левица, ценејќи го антивладиното и проопозициско расположение на членството, поддржувачите и симпатизерите, и земајќи го предвид фактот дека Левица не е градена како пајтон-партија за еднократна употреба, туку како брзорастечко политичко движење кое го презема приматот во левиот политички спектар, а имајќи ги предвид констелациите и сложената политичка слика која се создаде после овие Локални избори 2021, како и превенирајќи го претстојното ново национално понижување и предавство кое го спрема вазалот Заев во односите со ЕУ и со Бугарија, доколку евентуално остане на власт – ги донесе следниве политички заклучоци и идни насоки:
1. Левица има склучено само коалиција со народот и со граѓаните кои живеат од сопствениот труд и чии класни интереси ги застапува, и одбива било каква формална коалиција со било кој друг политички субјект – било од власта, било од опозицијата.
2. Во оние општини каде што во советите постои апсолутно мнозинство од редовите било на ДПМНЕ, било на СДС – нашите советници ќе делуваат како опозиција и ќе бидат гласот на обичниот човек, внатре во институциите.
3. Во овој историски миг, гледајќи ја поголемата политичка слика и државниот интерес на Републиката, наша политичка должност – како нова генерација на неподмитливи македонски политичари – е да не бидеме сламката за спас, за која ќе се фати хибридниот режим на Заев и ДУИ, за свое понатамошно опстојување и владеење, туку ќе бидеме клучните политички актери кои ќе го зададат финалниот удар за дефинитивен пад на заевизмот и конечно развластување на ДУИ, како спој на поданичко и силеџиско владеење, кое е спротивно на националните интереси и на АСНОМ-ските идеали на македонскиот народ.
4. Во конкретни општини и во Градот Скопје, каде што мнозинството на досегашната парламентарна опозиција во локалните совети зависи од нашите советници, постои теоретска и практична можност тие да дадат малцинска, т.е. условена поддршка – исклучиво на конкретни и точно одредени проекти кои се во јавен интерес на народот и за доброто на месното население, инсистирајќи притоа да се вметнат и суштински општокорисни предлози од нашата Локална предизборна програма за таа општина. Било кој обид за незаконско или штетно работење од било кого, советниците на Левица ќе го спречат и јавно обелоденат!
5. Не е исклучена можноста, во конкретна т.н. пилот-општина, Левица да го побара претседавачкото столче во советот, со цел јакнење на својот политички опит и административен капацитет за раководење со општината и креирање на јавни политики во општ интерес.
6. Во поглед на гласањето за градоначалници во вториот изборен круг, упатуваме на разумот и совеста на нашите членови, поддржувачи и симпатизери – истите да гласаат по сопствено убедување. Левица напоменува дека, во овој момент, општокорисно е да се следи бранот на антивладиното настроение на народната волја, против погубните политики на квислингот Заев и корумпираните структури на ДУИ, кои ја имаат окупирано секоја пора на општеството, за конечна детронизација на нивните мафијашко-криминални клики во заминување

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...