13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаСветПочина стаорецот Магава кој доби златен медал за откривање мини

Почина стаорецот Магава кој доби златен медал за откривање мини

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стаорецот Магава, кој се прослави со златниот медал за храброст за успешно откривање мини, почина на деветгодишна возраст.

<

Магава служеше како „деминeр“ пет години, а успешно „намириса“ повеќе од 100 мини и други експлозивни направи на терени во Камбоџа. Со тоа, тој е најуспешниот стаорец трениран од белгиската хуманитарна организација „Апопо“ за наоѓање мини.

Во 2020 година, Магава доби златен медал за храброст, а „се пензионираше“ во јуни 2021. Стаорецот бил одгледуван во Танзанија, а минал една година „тренинг“ пред да биде донесен во Камбоџа. Се верува дека во оваа земја има и до шест милиони мини. Магава „исчисти“ повеќе од 141.000 квадратни метри земја, што е еднакво на 20 фудбалски игралишта. Тој тежеше 1,2 кг и беше долг 70 цм – доволно мал и лесен за да не ги активира мините при преминување преку нив. Му биле потребни само 20 минути да пребара терен колку тениско игралиште, додека на човек со детектор за метал му требаат меѓу еден и четири дена.

MИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалничката Данела Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето. Град Скопје соопшти, а и Арсовска на профилот на социјалните мрежи објави...

Хрват обвинет за силување овца, кобила и мртва кокошка: Ги признал сите дела

Уште еден маж е обвинет за силување животни во Славонија. Според Нови лист, Општинската канцеларија на државниот обвинител го обвини 43-годишниот невработен градежен работник за...

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....