16.9 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден при скок за време на падобранската обука, загинува Зоран...

На денешен ден при скок за време на падобранската обука, загинува Зоран Јованов – Циганот.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

…при скок за време на падобранската обука загинува Зоран Јованов – Циганот, македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во југословенските војни како и во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Јованов бил инструктор по падобранство и постар водник во БСН Волци. Тој важеше за најдобар и најспремен војник во ПСО.

Зоран Јованов е роден 1972 година во Скопје. Во текот на своето детство и своите тинејџерски години се има занимавано со повеќе боречки вештини и со падобранство. Војска има одслужено во 1991 во 63. Падобранска единица во Ниш. Јованов, кој во летачките кругови е познат под прекарот Циго, почнал да го изучува падобранскиот занает во 1988 година во скопскиот Аеро-клуб. Остварил повеќе од 300 успешни скока и имал звање падобрански инструктор. Јованов го доби прекарот „Циган“ бидејќи детството го минал во Шутка.

По завршетокот на големите немири во 1994 на 1 март како потпишува договор и е прв припадник на Баталјонот за специјални намени Волци. Посветен е кон професијата, семејството и пријателите. Има голема активност во одбраната на оваа држава и како најспремен припадник на БСН Волци има големи одликувања.

Станува збор за професионален војник, за чија храброст и племенитост наголемо се раскажувало меѓу неговите колеги. Војувал на боиштата во Хрватска и во Босна и во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Важеше за многу професијонален и искусен војник, има дејствувано во борбите на Вуковар и на други останати места од страна на Југословенската Народна Армија. Според кажувањата на неговите блиски, неколку пати пребродил ситуации опасни за неговиот живот.

Неколку години по конфликтот се префрла во Падобранската бригада 501 и таму е падобрански инструктор со професионални 300 скока и учествува во формирања на ренџерскиот баталјон.

Загинува во Прилеп на 23 мај 2004 година при редовна вежба на падобранската единица. Зад себе ја остава неговата Фамилија која имаше голема верба во него, своето семејство синот и сопругата.

СЛАВА МУ!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заев го прослави својот 50-ти роденден со торта во форма на мотор !!

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, вчера го прослави својот 50-ти роденден на приватна забава во кругот на семејството и најблиските...

Исплатена е добивката од 1,7 милиони евра, добитникот е од Охрид !!!

Од Државна лотарија на Република Македопнија информираат дека е исплатена најголемата досега, рекордната 7-ка вредна 1.700 000 евра, или 109.012.304 денари. Добитникот е од Охрид...

Теа од Куманово ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум во Мексико

Теа Георгиевска од Куманово ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“ кој идниот месец ќе се одржи во Мексико. Титулата Мис...

Ристовски: Познатите спортисти во Македонија нема повеќе да рекламираат казина и спортски обложyвалници.

Познатите спортисти кои досега рекламираа обложувалници или казина, во иднина нема да го прават тоа. Ова го изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Станува збор...