9.9 C
Ohrid
четврток, ноември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниСреќен Божиќ Европо, сега ти си на потег! Merry Christmas,...

Среќен Божиќ Европо, сега ти си на потег! Merry Christmas, Europe. It’s your move now!

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ
Минатата година, пред крај на годината, или на почетокот на прославата на католичкиот Божиќ, ти се обрaтив драга моја Европо, како и да е, за многу години денот!
Не можам, а да не си спомнам за хипокризијата која ја има во овој свет, кон многу народи во светот и секако кон мојата Македонија и мојот македонски народ, кои во контуниутет не можат да кренат глава од многубројните неправди, условувања наметнати и спроведени од големата Европа и светот!
Кому му пречи државата Македонија, Македонскиот народ, Македонската Православна Црква?
Драга Европо, ќе си ги спомнам моите другари и чеда македонски, Борче, Тоше  и Сашо кои ќе речат:
” Нашата цивилизација патем четврта по ред досега нема одговор на 2 суштински прашања :
1.Од каде доаѓаме?
2.Каде одиме?
Глобалниот интерес за Македонија посебно од современите големи сили е во конотација на барањето на одговори не двете неодговорени прашања посебно на првото.
Во овој контекст е и прашањето за ДНК на Македонците.
 Езотериците сметаат дека комплетното декодирање на македонската ДНК сериозно ќе помогне да се одговори на погореспоменатите прашања…
Ете, ова се нивни пораки драга, моја Европо, сублимирани во едно, или кажано, патоказ и печат за Македонија, МАКЕДОНСКИОТ КОД кој не смее и не треба, никој да, го потценува, уценува и негира, заедно со Коефициент на интелигенцијата!
Го слушам францускиот амбасадор во Македонија,   Сирил Бoмгартнер, на радио Слободна Европа:
“Доколку по скрининг процесот македонскиот Устав не е ревидиран, процесот на европска интеграција моментално ќе биде запрен!“
Ова ултимативно француско обраќање, европски манир ли е?
Каде е тука француското достоинство и хуманост?
Зарем Франција заборава дека Македонија  е суверена и самостојна држава, меѓународно призната од повеќе од 145 држави во светот, меѓу кои е пријателска Франција?
Францускиот амбасадор
Уставот е свето писмо на една држава и еден народ, па и за една Франција!
Македонското барање за полноправна членка на ЕУ се легитимни и заслужени.
Но, начинот на кој ни се наметнуваат вакви насилни методи како со Договорот од Нивице и Договорот со Софија, пред се’, не се европски вредности.
 Ние треба да говориме за економски развој, за странски инвестиции, за владеење на правото, борба против корупцијата и организираниот криминал!
А, криминалот во метастаза го има во сите пори на општеството, во судството, обвинителството, владата, собранието, насекаде.
Нашиот стратешки партнер САД инвестира милиони долари во едукација за ефективност на политичкиот систем, но и покрај се’, криминалот во власта, правосудствотото и обвинителството царува.
За жал, овој став на францускиот амбасадор во Македониа доаѓа по изјавата на амбасадорот на ЕУ, Давид Гир кој, исто така, рече дека Македонија е на крстопат – мора да избере дали ќе се движи напред, одлучно да се справува со корупцијата или ќе дозволи шемите на корупција да се вкоренуваат уште повеќе.
За потсетување истиот амбасадор Гир додаде: “Убавите зборови не се доволни за борба против корупцијата!“
Дејвид Гир
Американската амбасадорка Анџела Агелер заедно со тимот на Стејт Департментот побараа конкретни резултати во решавањето и казнивоста на криминалот и криминалците во Македонија.
За жал, Владата на Ковачевски по народната “Држте го крадецот!“
Е, па, почитувани дами и господа, преставници на Запад или која и да е земја, оваа држава има име, името и’ е Македонија!
На Тиранскиот Самит на Европската Унија одржан на почетокот на декември 2022 година, земјите од Западен Балкан разговараа за заедничко решавање на последиците од руската инвазија на Украина, за интензивирање на политичкиот дијалог и политиката на проширување, за зајакнувањето на безбедноста и градењето отпор на странското мешање, за решавањето на предизвиците што ги носи миграцијата, борбата против тероризмот и организираниот криминал.
И на крај донесоа Декларација. Самитот уследи два месеци по неформалниот самит на земјите од Европската политичка унија во Прага, на кој учествуваа сите европски земји освен Русија и Белорусија.
Во Тиранската декларација се предупредува дека ескалацијата на агресивната војна на Русија против Украина го загрозува европскиот и глобалниот мир и безбедност и ја нагласува важноста на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан, потврдувајќи ја неговата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ.
Во Тиранската декларација се бара усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (ЗНБП) и дејствување во согласност со неа, вклучително и во однос на рестриктивните мерки на ЕУ.
Оние партнери од Западен Балкан кои веќе ја покажуваат својата стратешка определба во овој поглед, со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се пофалени, а оние кои не го сториле тоа се охрабруваат да го следат примерот. Самитот за првпат се одржува во регионот на Западен Балкан.
Сепак, најголемиот настан во регионот се одржа во октомври 2021 година во Белград, кога се одржа Самитот на неврзаните по повод 60-годишнината од основањето на тоа движење, на кој учествуваа делегации од повеќе од 120 земји во светот.
Справување со последиците наместо со причините за кризата
Руската инвазија на Украина ја предизвика најголемата безбедносна криза во Европа по Втората светска војна, а следствено и енергетска и прехранбена криза.
На самитот во Тирана беше ветена помош од ЕУ за земјите од Западен Балкан во износ од една милијарда евра за надминување на последиците од енергетската криза.
ЕУ не нуди решение за украинската криза, не се занимава со причините за украинската криза, туку со нејзините последици, кои ја засегаат не само ЕУ, туку и целиот свет.
Дојде до нарушување во целиот свет и најголема криза на светскиот поредок на ОН, која настана како последица на Втората светска војна и која не соодветствува со моменталното време и односите во светот.
Војната во Украина предизвика пореметувања во трговијата и инвестициите ширум светот, погодувајќи ги производителите на автомобили во Европа, хотелиерите во туристичките дестинации, увозниците на храна и енергија.
Иако сиромашните во светот, кои трошат голем дел од својот приход на основни потреби, се најранливи, ниту една земја, регион или индустрија не остана недопрена од овие нарушувања.
 Војната и санкциите резултираа со прекин на клучната транспортна врска меѓу Русија и Украина и остатокот од светот, нарушувајќи ја светската трговија во поширока смисла.
Руските транспортни врски со европските пристаништа се прекинати, а ограничен е и извозот на стоки до други дестинации.
Анализите покажуваат дека компаниите ќе ги преоценат геополитичките ризици и дека ќе има преместување на производството од земјите кои се сметаат за ризични, што донекаде ќе ги преобликува глобалните трговски синџири и светскиот бизнис воопшто.
 Тоа е и одлична развојна можност за земјите од Западен Балкан.
Заврши епохата на “додворување“ на Западот!
ЕУ мора да донесе стратешки одлуки за проширувањето и временска рамка на проширувањето. Недефинираната позиција на земјите од Западен Балкан ги оддалечува од ЕУ и дополнително произведува одредени фрустрации.
Светскиот поредок каков што го знаевме повеќе не постои. Француско-германската оска во ЕУ како што ја знаеме, исто така, не постои. Моќта се движи од Запад кон Исток. Повеќе не постои монополарен, туку полицентричен свет со сложени и испреплетени интереси.
Светот е во големи геополитички превирања и потреси. ЕУ не смее да се гледа себеси од позиција на евроцентризам, бидејќи ерата на “додворување“ на Западот заврши. Секоја земја ја води својата политика во согласност со нејзините интереси и на маса има различни понуди и решенија за својата иднина.
ЕУ веќе не е единствената понуда и решение на менито на земјите од Западен Балкан.
Еве дојде и празникот кој сите треба да не зближи и отрезни од лоши варијанти на непристојни предлози.
Мене како православен христијанин кој си ја сака премногу својата црква држава и семејство не ми преостанува ништо друго туку да ви посакам на сите пријатели во ЕУ и САД и насекаде каде ве имаме како македонски пријатели како празнична честитка по повод престојниот Божик особено на пријателите политичари на Европа, а за доброто на Македонија.
Македонија и Македонците  секогаш преставуваа своевиден џубокс на ЕУ и останатите, односно им ги исполнуваа желбите на големите сили.
Така и овојпат Македонија и Макеонците посакуваат за Божик од ЕУ, односно од францускиот претседател Емануел Макрон како што и посака в.д.претседателот на партијата Алијанса на Албанците Таравари: Да запре именувањето на Димовски за амбасадор, ако сепак се именува – Франција да го одбие.
Според доктор Таравари, Виктор Димовски е неподобен и недостоен кандидат за да врши дипломатски функции и да ја претставува земјата, и тоа, поради многу причини.
Како директор на Агенцијата за национална безбедност, Димовски е препознатлив по издавањето на безбедносни сертификати на корумпирани лица кои се под истрага.
Исто така, втора желба на Македонија и Македонците по род и државјанство:
“Ниту Макрон, францускиот претседател, ниту германскиот канцелар Олаф Шолц, да, не дојдат во Македонија да вршат “притисок“ за уставни измени.
 Сигурно ја научија лекција дека тоа не ниту европски ниту хумано, а пред се’, не е по меѓународно право во кое владее теоријата на реал политика,  треба, да, преовладува рациото за бон-тон во меѓународното право и наместо насилно менување и отварање на устав на една суверена дежава, да се позанимават повеќе со плеј мејкерите на криминалот, корупцијата, односно се спроведат реформите  кои  ќе го подобрат животот на луѓето.
Успешен реформски процес значи подобра правна држава, потиснување на корупцијата, поголема транспарентност во јавната администрација, вклучително и при доделувањето на позициите, почиста животна средина благодарение на сукцесивно воведување на европските норми итн.
Третата желба, драга моја Европо, секако ти е од мое лично име и името на сите Македонци по род и државјанство, да не продолжувате и натаму да не самобришете од картата на народите и Атласот на светот, како држава во асистенција на октроираната или хибридна коалиција, Влада и Собрание. Како ги донесовте со “обоената револуција“, така да ги вратите назад.
Но, овојпат според правните норми и правила, пред лицето на правдата, бидејќи како што самите кажувате, во Македонија има најголем криминал и корупција!
Со еден збор, слушнете ја јавноста и мислењата на сиромаштијата и народот кои се колетерална штета и жртви на немилосрдната криминализација во политиката и сиот порив на животот во изминатите 6 години.
Не велиме дека и порано немало, тоа постои од 8-ми септември 1991 до денес, но кулминацијата е во последните 6 години, со тројката Заев-Ахмети-Ковачевски!  Да, потсетам последната анкета на, престижниот пул IRI, каде јасно говори каков е рејтингот на, СДСМ, ДУИ ДПМНЕ и останатите, каде коалицијата СДСМ ДУИ  дефинитивно покажуваат разочарување од народот, додека опозицијата со повисок рејтинг!
Рејтингот не се билдува со, корупција, криминал и се лошо по здравјето, и опстанокот на народот кој секојднево  народот  тоне во страв, стрес и сиромаштија!
Затоа веднаш нови и брзи и фер  парламентарни избори!
Да се слушне гласот и вољата на народот!
Ете тоа се желбите на Македонија и Македонците по род и државјанство до ЕУ, па затоа:
 Среќен Божиќ Европо, сега ти си на потег!
Merry Christmas Europe, now you’re on your way!
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...

Апелација донесе одлука: Исмет Гури од ДУИ оди во затвор

Апелациониот суд ја одобри одлуката во случајот „Титаник 3“, каде Исмет Гури и Ејуп Алими, поранешни функционери на ДУИ, беа обвинети за измама и...

Изработен мурал со ликот на Ѓорѓи Колозов во кафуле во близина на Соборна црква

Мурал во чест на еден од најпознатите и најдобрите македонски глумци со кого израснаа многу генерации, Ѓорѓи Колозов, осамна во скопско кафуле. - Ако...