28.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаАвстралијаМакедонската амбасада на терен- Во посета на стари и изнемоштени лица за...

Македонската амбасада на терен- Во посета на стари и изнемоштени лица за апликација за патни исправи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонската амбасада и конзулат изминатиот викенд го поминаа работно . Амбасадорката на Република Македонија Н. Е Билјана Стефановска и господинот Али Алиевски од македонскиот конзулат во Мелбурн за викендот допатуваа во Сиднеј. Целта на патувањето беше работна средба со македонските државјани кои живеат во Сиднеј и околината .
За време на викендот имаа закажано средби со повеќе македонци кои имаа потреба од нови патни исправи , продолжување на старите , заверка на документи ,државјанства и друго . За оваа иницијатива туристичката агенција Брага травел одстапи дел од своите простории.    Повеќето граѓани завршија работа со исклучок на неколку со кои имаше некои административни и технички проблеми.

<

За патни исправи беа фотографирани 78 македонски државјани.

Во неделата доцна попладнето екипата излезе на терен во посета на стари и изнемоштени лица кои не беа во состојба да дојдат на закажаното место. Излегувањето на терен не е лесна работа заради габаритната опрема која треба да се носи и да се намести .

Оваа иницијатива на македонската амбасада и конзулат е за поздравување и пофалба.

 

Од лево – Зора Анастасовска апликант за патна исправа , амбасадорот Н.Е Билјана Стефановска и г-н Али Алиевски од македонскиот конзулат во Мелбурн

 

Потпишување на документи

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...