20.1 C
Ohrid
вторник, септември 2, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридОхрид му оддаде признание на спортскиот херој Марко Пејчиновски за „Ironman" подвигот

Охрид му оддаде признание на спортскиот херој Марко Пејчиновски за „Ironman” подвигот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Чест ми е што денеска имав можност лично да му честитам на нашиот спортски херој Марко Пејчиновски, кој минатата недела успешно го совлада „Ironman“ предизвикот долг 107 километри.

<

Неговиот подвиг е огромен спортски успех во историјата на Охрид, имајќи во предвид дека истиот е постигнат од толку млад човек.

Со цел соодветно да го вреднуваме уникатниот спортски подвиг, му доделив плакета со лична посвета на Марко, кој со својата упорност и истрајност е гордост за Охрид и инспирација за целата заедница. Му посакав уште поголеми идни успеси, со верба дека неговата спортска приказна ќе биде поттик за многу други млади охриѓани да чекорат по патот на дисциплината, здравјето и спортските предизвици.

Општина Охрид ќе продолжи да ги поддржува спортските подвизи на Марко и да дава поддршка онаму каде што е потребна.

Марко Пејчиноски има 19 години и е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци. Исто така Марко реализираше и 10 препливувања на разни релации на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри, што беше своевиден рекорд.

Во рамки на последниот „Ironman“ подвиг кој беше реализиран на 28-ми август 2025 година, Марко трчаше 7 часа и 47 минути од „Св. Наум“ до Струга, возеше вепосипед 2 часа и 33 минути од Струга до „Свети Наум“ и пливаше 9 часа и 29 минути од „Свети Наум“ до Охрид.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје

Кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје, кои утврдиле дека на диво се приклучил на канализациона мрежа Одделот...

Две години казна затвор за тепачот на Данела Арсовска – командант Барути

Две години казна затвор и продолжување на притворот доби Сулејман Љамалари познат како Командант Барути обвинет дека физички и вербало ја нападнал градоначалничката на Скопје,...

Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 со 15.000 војници.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за време на вчерашниот говор во Чаир, зборувал за наводите што ги измислуваат, како што вели,...

Спасен Силјаноски: Историјата се повторува, удбашите ме судат за Македонија.

ЈАВНА ИЗЈАВА – СПАСЕН СИЛЈАНОСКИ Удбашите ми судат за Македонија. Историјата се повторува, но овој пат ние ќе победиме – затоа што народот се буди. Од срце...