22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаГрадоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески денес оствари средба со градоначалникот на Грамш

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески денес оствари средба со градоначалникот на Грамш

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес во градот Gramsh, регион Елбасан, Албанија, а кој брои околу 9000 жители и е центар на општината Gramsh, со околу 36.000 жители  градоначалникот на Дебрца оствари средба со Градоначалникот Klodian Tace.

<

Средбата беше по повод започнувањето со реализација на проектот „Нови можности за безбедни зимски авантури“,кој во рамките на Програмата на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија ќе се финансира со европски пари.

Носител на проектот е Црвениот Крст на Македонија, Општинска организација Охрид, а партнери се општина Дебрца и Алпинистичкиот клуб “Патагонија”,Охрид од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна.Image may contain: 7 people, people smiling, people sitting

Проектните активности носат бенефит за сите партнери, а во Дебрца во рамките на проектот ќе се изврши реконструкција на старата училишна зграда во село Брежани и нејзина адаптација во Планинарски Дом, опремен со 25 легла, за што се планирани 85.000 евра, поставување на пропусти за зафаќање на атмосферските води на патот село Брежани-Илинска Планина, набавка на возило, со потребната опрема за спасување во планина, обуки и други активности.No photo description available.

На средбата со мојот домаќин посебно го искажав моето задоволство што ќе можеме да соработуваме како две општини, кои имаат одлични предуслови за развој на планинскиот, зимскиот и авантуристичкиот туризам.

Изразив надеж дека денешната средба е почеток на успешна соработка меѓу двете општини, не само на имплементацијата на конкретниот проект, туку и на други идни проекти од заеднички интерес.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...