8.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаАвстралијаНовак Ѓоковиќ во Мелбурн се забавуваше со трубите на Стефан Ночевски и...

Новак Ѓоковиќ во Мелбурн се забавуваше со трубите на Стефан Ночевски и ужива во македонското друштво

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стефан Ночевски и неговиот трубачки оркестар, го забавуваа познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ во познат ресторан во Мелбурн. Стефан ексклузивно за Естрада плус, ги раскажува неговите импресии од средбата и дружбата со мега ѕвездата.

<

Младиот македонски трубач Стефан Ночевски, кој живее во Австралија, заедно со неговиот трубачки оркестар од Мелбурн, беше поканет да го забавува светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ во еден од најпознатите ресторани во Мелбурн, ‘Mediterrano charcoal restaurant’.

Стефан ексклузивно за Сателитската ИН ТВ ги раскажа неговите импресии за средбата со Ѓоковиќ и вели дека навистина задоволството да се настапи со оркестарот пред една ваква супер ѕвезда е големо, а чувството неописливо.

-Прв пат го запознав Новак и стварно ми остави прекрасен впечаток. Тој е доста дружељубив, дарежлив човек и навистина знае да се развесели на нашата музика. Новак беше доста задоволен од пречекот и навистина му беше мило што музиката ја направи атмосферата уште поубава.-изјави Стефан, за естрадниот магазин Естрада плус.

Стефан додава дека Новак ги обожава звуците на трубата и им кажал дека му е најомилен музички инструмент. Ноле бил доста воодушевен и од тоа како Австралјанците ја негуваат балканската музика.

Екипата на Естрада плус и ИН ТВ му посакува многу среќа на Новак Ѓоковиќ за неговите наредни натпревари кои ќе се одржат во Мелбурн.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...