Конор Мекгрегор е предизвикан. Ни помалку, ни повеќе, оној што го предизвикува е Македонец, голманот на фудбалскиот клуб Вардар, Филип Гачевски.
Гачевски бранеше во одлична форма во првиот дел од сезоната, па токму тој е еден од најзаслужните што „црвено-црните“ ја освоија есенската титула.
Филип често е активен на социјалните мрежи, па овојпат се реши да го „чепне“ Конор Мекгрегор. Ако верува Конор дека може со нашиот Филип, нека го прифати предизвикот. До тогаш веруваме дека бега од директна пресметка.
Ирската УФЦ ѕвезда, Конор Мекгрегор ќе го има својот долгоочекуван камбек во кафезот против Доналд Серон на 18 јануари, и во последното интервју за „ЕСПН“ тој вети дека ќе биде „спектакуларно“ од почеток, но уште понеочекувано изрази почит кон противникот, што не е негова добра страна во минатото.