10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаЗатвореникот кој не успеа да избега од „Идризово“ убивал луѓе од дијаспората...

Затвореникот кој не успеа да избега од „Идризово“ убивал луѓе од дијаспората и ограбувал цркви…

Албанецот Арјан Диши (44) од Пешкопеја е осуденикот на доживотен затвор, кој вчера имаше неуспешен обид за бегство од затворот во „Идризово“. Како што е познато, тој во текот на ноќта успеал да ги пресече решетките од прозорецот на третиот кат на затворот, по што се качил на покривот. Тој се надевал дека од таму ќе успее да се симне и да избега, но не успеал. Чуварите, откако утрото во 7 часот забележале дека не е во ќелијата, по час и половина го нашле на покривот.

Диши е во „Идризово“ од март 2017 година, каде издржува доживотна казна затвор за убиството на сопружниците Иса (69) и Селиме (69) Имери од кичевското село Србица, а речиси три години претходно ги помина во притвор.

Сопружниците беа убиени на спиење и ограбени на 2 септември 2012 година во својата куќа во кичевското село. Во доцните ноќни часови тој упаднал во домот на 70 годишните печалбари од САД, г и врзал со алиштата кои му дошле при рака и ги измачувал додека не признале каде се парите и златото. Сопружниците починале, а тој побегнал со пленот вреден 12 илјади долари и семејниот златен накит.

Полицијата немаше траги, но претпоставуваше дела станува збор за Албанци надничари кои доаѓаат во Полошко за работа. Сепак, две години подоцна, Диши ѝ падна во раце на полицијата.

На 11 декември 2014 година, Албанецот од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево украде три сребрени крста кои датираат од 1800 година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено ковчеже со мошти од св. Параскева. Тој провалил внатре околу два часот утрото откако го скршил цилиндарот од металната решеткаста врата и потоа насилно ја отворил и дрвената врата за влез во олтарот. Оттука ги одзел трите крста, манастирскиот печат, резбаното сребрено ковчеже. Диши околу 3 часот бил приведен во близина на селото Брждани, на регионалниот пат Кичево-Битола каде се обидел да избега со својот автомобил „голф“ со албански национални ознаки.

По приведувањето, направените анализи потврдиле дека неговиот ДНK-профил во целост се поклопува со трагите пронајдени во домот на сопружниците Имери.

Полицијата една година претходно за истото дело го приведе албанскиот државјанин Алија Лефтер, но обвинителството ја одби пријавата бидејки немаше поклопување на ДНК примероците.

24 инфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...