7.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаМухамед Зеќири: Денес мојата сопруга Бисера Јордановска ми подари преубава ќеркичка....

Мухамед Зеќири: Денес мојата сопруга Бисера Јордановска ми подари преубава ќеркичка….

spot_imgspot_img

Пратеникот Мухамед Зеќири стана татко. На социјалните мрежи тој се пофали дека неговата сопруга Бисера Јордановска родила ќерка и објави слика од бебето.

„Благодарни сме Господе што на овој ден, нè израдува со ќеркичка. На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 гр. Бескрајно сме ти благодарни Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме оваа радост која ја почувствувавме, да ја почувствуваат сите парови кои посакуваат да имаат деца“, напиша пратеникот.

Зеќири и Бисера се венчаа лани, а кумови на свадбата им беа поранешниот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Инаку, тие беа во врска неколку години. Ова е втор брак за двајцата, тој од претходниот брак има две ќерки, а Бисера има син.

Мухамед во моментов е потпретседател на СДСМ и пратеник во Собранието. Претходно долги години беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М, и новинар во неколку други медиуми во земјава. Бисера, пак, е поранешна директорка на Алсат М телевизија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...