27.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаЕ за овие убавини ви говореше градоначалникот Ногачески: Откриени тајните на подводниот...

Е за овие убавини ви говореше градоначалникот Ногачески: Откриени тајните на подводниот свет на Сини вирови

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нуркачкиот центар “АКВАТЕК” Охрид и Здружението за екологија и туризам “ЕКОТУРИЗАМ-2016”, Охрид, изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото блато.Фотографија на Diving Center Akvatek.

<

Најголемото блатно езерце “Сино Дувло” крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим.Фотографија на Diving Center Akvatek.

Богатството со вода е надополнето со рибна фауна, а од снимките се препознаваат јата кленови. Низ шуплините од камењата има мали рипчина – писи и голема концентрација на мали ракчиња.- истакнуваат реализаторите на проектот.Измерената длабочина во Белчишкото блато е околу 4 метри, а вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава. За жал, како и во Охридското Езеро, и од Сино Дувло извадивме дел од човечката неодговорност – една метална рамка од велосипед. Своето место ќе си го најде како сувенир во нашата колекција, вели екипата која го реализираше истражувањето на подводниот свет на Сини вирови.

Фото Никола Паскали

Ohridnews.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...

Бујар Салиу е новиот Помошник началник на СВР Битола

Битолчанецот Бујар Салиу, долгогодишен полициски службеник е новиот Помошник началник на СВР Битола, односно заменик на началникот на СВР Битола - Сашо Мирчески....